Лажно

За време на полицискиот час се монтираат антените за 5G мрежата близу селото Боговиње (Teтово)!

cover image

Myth Buster: Rita Behadini

Post Link

Date: 13/04/2020

Lexo

Mит

Едно видео во кое се гледаат неколку мажи како работаат со една антена, поттикна бројни дебати и коментари на социјалните мрежи. Во описот на видеото се вели дека во близина на селото Боговиње во Тетово за време на полицискиот час се монтирани антени за 5G мрежата. Во хаштаг е ставен и зборот #corona, сето ова засновано на лажните вести кои зборуваа за можноста на ширењето на корона вирусот  преку мрежата 5G.

 “За време на полицискиот час се монтираат антените за 5G мрежата близу селото Боговиње (Teтово)!”, пишува во описот на видеото.

Лажно

Демистификација

Антената која се гледа во видеото е во сопственост на компанијата А1 и истата не е монтирана за активирање на мрежата, соопштуваат од A1.

Од А1 велат дека поради големиот број на луѓе кои работаат од дома доаѓа до преоптовареност на мрежата, па затоа нивните технички експерти постојано ги мониторираат капацитетите на мрежата и постојано ги превземаат потребните мерки за да го обезбедат интегритетот на мрежата во случај на невообичаено голем сообраќај или при други технички проблеми, што подразбира постојано подобрување на постоечката мрежа, со цел непречено обезбедување на услугите кои ги користат граѓаните.

Според А1, истото се случило и со антената во Боговиње, каде што поради преоптовареност се превземени одредени активности за обезбедување на непречено функционирање на мрежата на А1 во таа зона.

 “Во претходните денови во базната станица во Боговиње се превземени одредени активности со цел да се обезбеди непречено функционирање на услугите за корисниците на А1 Македонија во оваа зона, со употреба на постоечката технологија која се користела и која сеуште се користи”, велат од A1.

Оваа антена не е монтирана за 5G мрежата, соопштуваат од A1 Македонија, бидејќи сеуште не се определени фреквенциите за комерцијална употреба на услугите 5G од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

“Активностите во базната станица во Боговиње не се однесуваат на воведувањето или активирањето на една 5G мрежа, бидејќи сеуште не се определени фреквенциите за комерцијална употреба на 5G услугите од страна на Агенцијата за електронски комуникации”, велат од A1.

Истото го потврдуваат и од Телеком Македонија.

 “Ова не е базна станица за 5G бидејќи во Македонија нема во употреба 5G мрежа. Надлежните институции сеуште не  спровеле било каква процедура за определување на фреквенциите за 5G”, соопштуваат од Телеком.

Ширењето на корона вирусот во светот предизвика сомнеж кај голем број на луѓе за начинот и причините на ширењето на овој вирус. На социјалните мрежи се споделија лажни вести за можното влијание  на 5G мрежата во ширењето на овој вирус , како и за угинувањето на птиците како последица од оваа мрежа . Овие написи веќе се демистифицирани и потврдени како лажни од страна на Mythbuster.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.