Лажно

Полска, осмодневен масовен протест против задолжителна вакцинација

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 11/05/2020

Lexo

Мит

На социјалните мрежи кружи видео запис кој тврди дека во Полска се случува осмодневен протест против задолжителна вакцинација. Записот кој само за првиот час на објавување имаше над 1.300 споделувања вели:

‘’Полска, осмодневен масовен протест против задолжителна вакцинација.

#ИсклучиТвУклучиМозок ’’

Лажно

Демистификација

Веста е лажна! Всушност, споделениот видео запис датира од 23 Јули 2017 година (линк на оригиналниот видео запис) кога во Варшава, Полска, граѓаните протестираа против владиниот предлог-закон кој имаше за цел Уставниот суд да го стави под контрола на Владата.

Старите видео записи често се рециклираат за да се создадат лажни вести а ова е типичен пример. MythBuster и порано известуваше за вакви лажни вести, затоа ве покануваме внимателно и критично да им пристапите на информациите од непроверени и неверодостојни извори.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.