MythBuster.mk е online платформа на Democracy Lab која има за цел да ги замени митовите со факти. Главниот фокус е борбата против дезинформациите, лошото известување и лажните вести кои кружат по социјалните мрежи, го поткопуваат довербата во демократија и шират паника кај граѓаните. Преку демистификација на митовите кои се во оптек нашата платформа ќе придонесе за точно информирање на граѓаните, ќе ја намали паниката и ќе помогне во борбата против лажните вести.
Процесот на избор се врши врз основ на следните принципи:
Вестта/Објавата/Митот има потенцијал да предизвика последици во општите демократски, економски и социјално процеси, вклучувајќи и последици по здравјето на граѓаните.
Доспеал до голем број на читатели.
Е вирален на социјалните мрежи.
Истите се категоризираат во следите 5 категории:
Лажно – Вестта/Објавата/Митот наведува ситуација што не е основана на факти и е лажен/на/но.
Непотврдено – пренесените факти и ставови се непотврдени и како таков прилогот остава простор за сомневање во вистинитоста на истиот.
Делумно вистинито – Дел од Вестта/Објавата/Митот содржи вистинити факти, а дел содржи факти кои не се вистинити или не се потврдени, каде што се разјаснува кој дел е вистинит и кои факти се издржани и кои не.
Заблудувачко – Вестта/Објавата/Митот содржи факти кои намерно се ставени во поинаква конотација со цел читателот да дојде во заблуда.
Вистинито – Вестта/Објавата/Митот содржи издржани и потврдени факти и е вистинит/а/о.
Процесот на демистификација и проверката на фактите се врши според следниот редослед:
Опис и презентација на наводите во прилогот што се анализира, вклучувајќи и слики и/или линк од истиот.
Демистификација споредувајќи ги наводите и фактите во прилогот со факти од релевантни извори што се достапни за јавноста.
Во текот на процесот внимаваме да користиме научни извори, извори од релевантни експерти, медиуми и интитуции коишто се претставуваат на едноставен и што поразбирлив начин за обичниот читател.
Заменуваме митови со факти!
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.