Лажно

5G ја запали челичната волна со фреквенција на iPhone.

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 14/04/2020

Lexo

Мит

На социјалните мрежи кружи видео запис кој тврди дека при прифаќање на повик, iPhone ја запалува челичната волна околу него. Овој запис зема замав последниве денови кога најмногу се дискутира за 5Г мрежата, ставајќи го записот во корелација со “здравствените штети„ кои ги предизвикува оваа мрежа.

Митот тврди дека:

1. При прифаќање на повик, iPhone ја запалува челичната волна.

2. Ова се случува поради 5Г мрежата

Лажно

Демистификација

1. Како прво, видео записот е монтиран, имено две посебни видео записи се споени во едно. Како втор, вистина е дека челичната волна многу лесно се запалува, ова се случува дури и кога истата е во контакт со обична батерија. Во записот подолу се дава пример како ова се случува, а ако го следите со поголемо внимание монтираниот видео запис, ќе приметите дека на истото има две жички кои се поврзани со челичната волна за да ја запалат.

2. Тврдењето дека ова се случува поради 5Г мрежата е смешно. Ниту еден iPhone досега, вклучувајќи и iPhone 11 и 11 Про, нема вклучена технологија за 5Г мрежата. Значи дека и ова тврдење е лажно.

Уживајте со видеото подолу кое ја демаскира лажната вест! 😊

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.