Лажно
„5G мрежата е причината за масовното умирање на птиците“ е пораката која пред неколку дена ги преплави социјалните мрежи. Со голема брзина веста ја презедоа и онлајн порталите и без да се заснова на ниту еден веродостоен извор пораката почна да кружи во форма на вест со наслов: „ Додека ја тестираа 5G мрежата, од небото паѓаа птици без знаци на живот – тврдат граѓаните?”. Веста содржи три фотографии за кои се тврди дека се направени во Италија и низа други непотврдени тврдења:
1. Експериментите со 5G мрежата се причина за масовното умирање на птиците кои се пронајдени во една улица во Италија
2. Веста за негативните ефекти врз птиците ја објавиле неколку големи медиуми
3. Фотографија – Мртви птици во Италија
4. Феноменот на масивното умирање на птиците е поврзан со сличен настан во Холандија
Лажно
Уште на самиот почеток на написот има простор за сомнеж. Во ниту еден дел не се потенцира за кој град во Италија се работи, која е таа улица каде се случил овој чуден феномен, кои органи ја потврдиле веста дека се работи за тестирања на 5G мрежата, кои експерти извршиле експертиза врз мтрвите птици? За овие и за многу други важни прашања овој напис не нуди никаков одговор!
1. Eкспериментите за 5G мрежата во Италија започнаа во март 2017 година, со што започна и имплементацијата на потребната инфраструктура за услугите на 5G мрежата во 5 градови во Италија, и тоа: Милано, Прато, Л’Аквила, Бари и Матера. Според тврдењето во написот, тестирањата се извршени на почеток на месец април 2020 година, при што не се дефинира за кој град станува збор. Тврдењето е лажно!
2. На 4 февруари познатиот италијански весник La Repubblica објавил вест каде се зборува за една силна бура која откорнала дрвја по улиците во Рим, а причината за умирањето на птиците е непозната. Всушност, фотографијата која го придружува написот во весникот La Repubblica не е иста со таа споделена на социјалните мрежи и за која се тврди дека е направена во Италија. Тврдењето е непотврдено!
3. Republicworld потврдил дека фотографијата која кружи на социјаните мрежи и кој тврди дека во Италија се случува масовно умирање на птиците, всушност е фотографија направена во Холандија во 2018 година. Досега не е даден ниту еден доказ дека овој феномен има било каква поврзаност со 5G мрежата. Тврдењето е лажно!
4. Меѓу другото написот тврди дека поставувањето на една нова 5G антена во Холандија предизвикала умирање на 297 птици во 2018 година. Ова тврдење го враќа вниманието назад на 5 ноември 2018 година, кога во еден блог на конспирации беше објавен еден напис со наслов: стотици мртви птици како последица на експериментирањето со 5G мрежата во Хаг, Холандија”. Локалните власт и го потврдија мистериозното умирање на стотици птици, кои можеби биле отровани. Исто така изјавија дека Холандија, како и многу други земји, ја тестирала 5G мрежата, но широко поставување на мрежата не се очекува пред 2020 година. На 28 јуни 2018 година извршено е тестирање на 5G мрежата во Хаг, но во тоа време немало ниту еден сличај на масивно умирање на птици. Тврдењето е лажно!
Мистериозните умирања на птиците, иако се една извонредна можност за етикетирање со конспиративни теории, всушност се ретки појави. Во 2011 година, во Арканзас, Луизијана и во некои делови на Шведска во еден краток временски период јавноста беше известена за умирањето на илјадници птици, феномен кој медиумите го нарекоа "aflockalypse". Врз основа на тврдењата на експертите во ова поле, медиумите појаснија дека овие масовни умирања на птиците не се нешто необично и често се необјасниви. Само пред неколку дена во Грција од небото паднаа илјадници мртви птици како последица на студеното време и силните ветрови. Птиците преселници се враќаа во Европа од Африка.
Само на Фејсбук овој напис имаше 8 413 кликнувања, од кои 6 142 позитивни реакции и над 1 500 споделувања!
Обновено: Откако првично беше објавено на mythmuster.mk, статијата е повлечена од вебстраната.
10/04/2020
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.