Заблудувачко
ИнфоМакс објави прилог во којшто се појавува видео- снимка наводно снимена во САД. Прилогот тврди дека:
1. Речиси идентични видео – снимки се испратени од Охајо, Мичиген, Детроид и Кливленд.
2. ‘’Ова не е короа вирус, ова не е зрачење. Нека ми каже некој што е ова" – вели еден од авторите на видеото.
3. Во коментарите се јавиле жителите на Портланд и рекле дека истата сцена ја виделе и таму.
Објавата на ИнфоМакс само во првите часови (до 12.04.2020 – 12:00) има над 150 споделувања на FaceBook.
Заблудувачко
ИнфоМакс со оваа објава ги доведува во заблуда читателите наведувајќи тврдења кои не се потврдени и поттикнуваат конспиративни теории поврзувајќи ги овие тврдења со актуелната пандемија на Ковид 19.
1. ИнфоМакс не објавува други видеа како што е наведено во текстот, туку единственото видео е тоа што е објавено на нивниот портал. При нашето истражување не успеавме да пронајдеме слично видео. Тврдењето е непотврдено, без факти и ги доведува читателите во заблуда.
2. ИнфоМакс поттикнува конспиративни теории врз основ на коментарите на авторот на видеото без притоа да нуди конкретни факти. Тврдењето е заблудувачко.
3. На ист начин ИнфоМакс намерно спекулира без притоа да даде доказ за своите тврдења. Тврдењето е заблудувачко.
При нашето истражување успеавме да стигнеме до една објава на американски портал кој дава непотврдени објаснувања дека веројатно се работи за кинески балони. Подолу е видеото од една кинеска прослава на која се пуштаат такви балони. Пресудете сами.
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.