Лажно

#10 Демистифицирани митови од Faheem Younus

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 02/04/2020

Lexo

#10 Демистифицирани митови од Faheem Younus, шеф на одделение за заразни болести во Универзитетот на Мериленд

Twitter пост од Farheem Younus, MD

Па слушам многу митови за COVID-19 и би сакал набрзина да ги разјаснам оние кои ги забележав.

Мит #1: Корона вирусот ќе исчезне во летните месеци.

Лажен. Претходните пандемии не ги следат временските шаблони плус како што влегуваме во летото, ќе биде зима во Јужната Хемисфера. Вирусот е глобален.

 

Мит #2: Во лето, вирусот ќе се шири повеќе поради убодите на комарците.

Лажен. Инфекцијата се шири преку респираторни капки, а не преку крв. Комарците нема да го забрзаат ширењето.

 

Мит #3: Ако може да го задржите здивот 10 секунди без поголема нелагодност вие немате COVID.

Лажен: Повеќето млади пациенти со Корона вирус ќе можат да го задржат  нивниот здив многу подолго од 10 секунди. И многу повозрасни и без вирус не ќе можат да го сторат тоа.

 

Мит #4: Бидејќи COVID тестирањето е недостапно, ние треба да донираме крв. Банката за крв ќе ја тестира за тоа.

Лажен. Ниту една банка за крв не тестира крв за Корона вирус па така да овој обид ќе пропадне. Донирањето на крв е света работа, ајде да се осигураме дека сме мотивирани да донираме од вистининските причини.

 

Мит #5: Корона вирусот живее во грлото. Затоа пијте многу вода па вирусот ќе биде истуркан во стомакот каде желудачната киселина ќе го убие.

Лажен. Вирусот може да навлезе преку грлото но продира во сите клетки.Не можете секаде да се измите. Прекумерната вода ќе направи само да трчате во тоалет.

 

Мит #6: Сите овие социјални растојанија и ограничувања се прекумерни. Ќе видите дека вирусот нема да предизвика многу штета.

Лажен. Ако не гледаме многу инфекции ( се надевам) всушност ќе докаже дека социјалните дистанци и растојанија функционирале. А не дека вирусот никогаш не бил голема работа.

 

Мит 7#: Сообраќајните несреќи убиваат 30,000 луѓе годишно. Што е големата работа со COVID-19?

Лажен. Сообраќајните несреќи не се заразни, нивните жртви не се дуплираат на секои три дена, тие не предизвикуваат паника или пазарен пад.

 

Мит #8: Геловите за дезинфекција се подобри од сапунот и водата.

Лажен. Сапун и вода всушност ги убиваат и измиваат вирусите од кожата( тие не може да навлезат преку кожата до клетките) Затоа не грижете се доколку некој гел за дезинфекција е распродаден во вашиот супермаркет. 

 

Мит #9: Една од најдобрите стратегии за спречување на COVID-19 е да ги чистите кваките од вратите со дезинфициенс.

Лажен. Миењето на рацете/ и применувањето на 2 метри растојание е најдобра практика. Освен ако се грижите за COVID пациент дома, вашите домашни површини не треба да не се голем ризик.

 

Мит#10: COVID-19 беше намерно пуштен и раширен (зависно од вашата политичка определба) Американската или Кинеската војска.

Навистина???

Тоа е се народе, бидете добри, бидете љубезни. Имајте верба. Се гледаме од другата страна.

И ова ќе помине...

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.