Лажно

САРИН а не КОРОНА е причината за три месечна карантинска изолација!?!

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 02/04/2020

Lexo

Мит

Статијата шпекулира дека причината за карантин во многу земји во светот е поради протокот на гасот Сарин во една воена лабораторија во Авганистан и дека истиот сега се шири низ Европа.

Тврдења: 

1. Протокот на голема количина на гасот Сарин во Авганистан беше причина САД да склучи мировен договор со Талибанците, како компензација за прикривање на протокот на гас.

2. Гасот Сарин се шири низ атмосферата.

3. Изложувањето на гасот Сарин е причина за респираторни проблеми на луѓето.

4. Симптомите на изложеност на гасот Сарин вклучуваат оштетување на дишните патишта и сува кашлица, главоболки, задишеност, дијареја, губење на апетит, болки во мускулите и потешки блокади, висока треска и пневмонија.

5. 67 американски војници кои биле изложени во лабораторија и им е потврдено големо присуство на Сарин, во февруари 2020 година биле испратени на воена парада во Вухан за да ја шират болеста.

6. Времето за инкубација на воздушниот гас е 3 месеци, што одговара на завршетокот на коронавирусот на крајот на април.

На крајот на статијата пишува дека материјалот е преземен на Фејсбук без да се наведе врската или лицето кое го објавило. По објавувањето на веста на tri.mk, само од еден FaceBook профил истата содржина е споделено повеќе од 1200 пати.

Лажно

Демистификација

Веста е целосно лажна и полна со измислици, логички празнини и тврдења кои се целосно неточни од научна гледна точка.

1. Потпишувањето на договорот меѓу САД и Талибанците се случи на 29 февруари 2020 година во Катар, а пак првите случаи на коронавирус беа службено претставени во Светската Здравствена Организација на 31 декември 2019 година, што значи дека вирусот се ширел многу порано.

2. Гасот Сарин има краткотраен ефект на ширење во атмосферата поради брзото испарување (Извор: CDC), што значи дека дури и ако истиот е ослободен, тој испарил и се растворил.

3.  Гасот Сарин е хемиско оружје вештачки произведено и го нема во природата. Тоа е нервен агент кој го напаѓа нервниот систем. Ако не се третира бргу со противотров, последиците се фатални, додека од друга страна 87% од луѓето заразени со вирусот COVI-19 се излекуваат. (Извор: CNN)

4. Луѓето изложени на мала или умерена доза на Сарин може да доживеат некои или сите следни симптоми во рок од неколку секунди на изложеност: течење на нос, насолзени очи, болки во очите, заматен вид, дремливост и прекумерно потење, кашлање, затегнатост на градите, забрзано дишење, дијареја, повраќање, повраќање и/или болки во стомакот, почесто мокрење, збунетост, дремливост, слабост, главоболка, срцева аритмија, низок или висок крвен притисок (Извор: CDC). Значи, некои од симптомите може да бидат слични, но изложеноста и на мали или умерени количини на течниот гас има побројни и потешки симптоми.

5. Изложените лица на гасот Сарин може имаат смртоносно последици и во рок од една минута во случај на директно вдишување. (Извор: LawFare) Така да, ако 67 американски војници биле изложени на гасот Сарин, тие би починале до сега. Освен тоа, во Февруари не се одржала ниту една воена парада во Вухан , уште помалку кога градот со неговите 11 милиони жители се во карантин од крајот на јануари до 8 април.

6. Гасот нема период на инкубација, а уште помалку еден вештачки произведен!

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.