Лажно

Не го задржувајте здивот 10 секунди, тоа не е тест за коронавирус

cover image

Myth Buster: Rita Behadini

Post Link

Date: 02/04/2020

Lexo

Мит

Откако коронавирусот почна да се шири низ светот, се споделија многу претпоставки преку социјалните мрежи во врска со тоа како може да приметиме дали сме заразени со овој вирус. Една од оние кои се споделија на Фејсбук и ВатсАп, претпоставувајќи дека е сугестија на еден член на одборот на Болницата Стенфорд, беше дека ако можете да го задржите здивот 10 секунди, не сте заразени со коронавирусот.

“Вдишете длабоко и задржете го здивот повеќе од 10 секунди. Ако успеете да го направите ова успешно без кашлање, тоа укажува дека нема фиброза во белите дробови, што значи дека нема инфекција. Во критични времиња, проверете секое утро, во средина со чист воздух„, се вели во дел од пораката која се сподели по социјалните мрежи.

Лажно

Демистификација

Според изјавата за CNN на д-р Роберт Легаре Атмар, специјалист за заразни болести на Медицинскиот колеџ Бејлор, овој начин не е точен и споделената вест е лажна.

“Кога некој има акутна вирална инфекција може да биде тешко длабоко да се вдише и да не се кашла, бидејќи респираторните канали се иритирани. Тоа е се. Но ова не значи ништо за фиброзата, иако луѓето со фиброза може да имаат потешкотии при практикување на истово. Да се биде во состојба да се задржи здивот 10 секунди не значи дека немате коронавирус“, објаснува лекарот.

Дури и самиот универзитет во Стенфорд, преку социјалниот медиум твитер, објави дека оваа информација не е службена и не произлегла од оваа институција.

И PIB, Агенција за проверка на факти од Индија, преку твитер, утврди дека оваа вест е лажна. 

Специјалистот на заразни болести при Универзитетот во Мериленд, Фахим Јунус, напишал на твитер, дека многу помлади пациенти, заразени со коронавирус се во состојба да го задржат здивот и повеќе од 10 секунди. Додека постарите нема да бидат во можност да го направат истото.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.