Вистинито

Филипинската полиција добива наредба да пука во оние што го прекршуваат карантинот

cover image

Myth Buster: Shefkije Alasani

Post Link

Date: 05/04/2020

Lexo

Мит

Освен што се соочува со борбата против пандемијата Ковид-19, светот остро се соочува и со борбата против лажните вести. Секој ден на интернет кружат илјадници непотврдени вести кои ги доведуваат во заблуда и негативно влијаат на читателите. Во последниве денови, на интернет кружи вест во која се вели дека филипинската полиција има право да пука со огнено оружје во секој што ќе го прекрши карантинот.

- Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, и нареди на полицијата да пука во граѓаните кои ги прекршуваат правилата на карантинот и одбиваат да соработуваат.

Вистинито

Појаснување

Вистина е дека филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, на 2 април соопшти пред медиумите дека ќе и нареди на полицијата да пука во секој граѓанин кој ги прекршува правилата на карантинот и не е спремен да соработува против новиот коронавирус. (АлЏезира)

- “Нема да се двоумам. Моите наредби се: за полицајците, војниците и за селските службеници– Ако има некаква неволја или можност за појава на насилство и вашите животи се во опасност, пукајте. За секој, престрелка, убиство, нема да се двоумам да моите војници пукаат во вас. Јас нема да се двоумам да и наредам на полицијата да ве запре и уапси„, рече филипинскиот претседател, Родриго Дутерте. (ВИДЕО, CNBC)

Предупредувањето на Дутерте дојде откога жителите на една населба во градот Манила организираа протест долж автопатот во близина на нивните домови. Демонстрантите тврдеа дека не добиле никакви пакувања со храна или друга опрема за олеснување од почетокот на карантинот во земјата, значи повеќе од две недели.

На Филипините, поради новиот коронавирус има околу 140 починати луѓе а заразени се повеќе од 3.000. (Worldоmeters)

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.