Лажно
На социјалните мрежи кружи фотографија на Хенри Кисинџер, поранешен секретар на САД, со текст кој се претпоставува дека е исечок на неговиот говор за Светската Здравствена Организација. Тестот тврди дека Хенри Кисинџер се ангажира за масовно вакцинирање на населението. Оваа фотографија е со текст на српски јазик, но истата порано се појавила на англиски јазик.
Наводниот говор: “Откога стадото ќе го прифати принудното вакцинирање, играта завршува! Тогаш ќе прифатат било што – принудното дарување крв или органи – за “општото добро”. Ние може генетски да ги модифицираме децата и да ги стерилизираме - за “општото добро”. Контролирајте го умот на овците и го контролирате стадото. Производителите на вакцини ќе заработуваат милијарди, и многумина од вас во оваа просторија денеска се инвеститори. Тоа е една голема победа! Ние го разредуваме стадото и стадото ќе ни плаќа за понуда на услуги за истребување. Сега, што има за ручек, а?”
1. Говор за Советот за еугеника на Светската здравствена организација
2. Говор одржан на 25 февруари 2009 година од Хенри Кисинџер
Лажно
Тврдењата се лажни. Организацијата за проверка на факти AFP Fact Check ја контактираше канцеларијата на Хенри Кисинџер и неговиот асистент Кортни Глик ги отфрлил тврдењата како потполни измислици. Тврдењата се отфрлени и од портпаролот на СЗО Кристиан Линдмеиер за Polifact.
1. Во рамките на Светската здравствена организација не постои ниту постоел оддел или секција како што е „Совет за еугеника“.
2. Хенри Кисинџер не одржал никаков јавен говор или настап на медиуми на 25 февруари 2009 година, и следствено на тоа, тврдењето е лажно.
Ова проценка е потврдена од неколку проверувачи на факти како Polifact, Snopes и други.
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.