Лажно

Aко ја имате оваа крвна група тогаш сте најзагрозени од коронавирус.

cover image

Myth Buster: Shefkije Alasani

Post Link

Date: 05/04/2020

Lexo

Мит

Додека бројот на погодени луѓе од пандемијата Ковид-19 ширум светот се искачи на повеќе од 1 милион, лекарите и научниците непрекинато работат да обезбедат што повеќе информации и детали за новиот коронавирус. Сепак, научно потврдените истражувања кои со голема брзина се шират по медиуми предизвикуваат сериозна загриженост кај читателите. Првично во светските медиуми, а потоа и на регионалните, почна да кружи веста дека според едно истражување на кинески истражувачи, се тврди дека луѓето со крвна група “А“ се најподложни на овој вирус, додека луѓето со крвна група “0“ се најмалку во опасност да се заразат со КОВИД 19. Тврдењето стана популарно преку серија споделувања на Фејсбук.

- Луѓето со крвна група “А“ може да бидат најподложни на инфекција од коронавирусот

- Научниците во Кина ги анализираа крвните групи на над 2000 заразени пациенти со КОВИД-19.

Лажно

Демистификација

Иако ова истражување укажува на можноста за поврзаност помеѓу крвната група и подложноста на вирусот, истражувањето не е прегледано или објавено во ниту едно научно списание, па дури и бројот на единици што студијата ги зел како примерок е многу мал во споредба со сегашниот број заразени. Нема доволно докази за да се потврди врска помеѓу крвната група и подложноста на новиот коронавирус. Студијата за прв пат беше објавена во март на medRxiv, непрофитна фондација од лабораторијата Колд Спринг Харбор, Универзитетот во Јеил и БМЈ. Научниците во MedRxiv имаат можност да прелиминарните наоди ги објават без ревизија од експерти од областа, што води до тоа да истражувањето да стигне до другите експерти без да се почека ревизија и без да се објави во списание на научно потврдени истражувања.

- Дали се навистина луѓето со крвна група “А“ се најизложени на ризик од коронавирус? – Приит Чаудхари, шеф на хематологија на Универзитетот на Јужна Калифорнија, вели дека истражувањето не е конечно бидејќи истражувачите не ги повторувале нивните наоди. На седмата страна на студијата се наведува дека 285 пациенти од Шенжен не и припаѓале на крвната група “А“. Чаудхари подвлекува дека студијата е во суштина бескорисна. Тоа е еден необработен нацрт. Од друга страна, Чаудхари изрази загриженост дека студијата може да направи да луѓето со крвна група „О“ бидат помалку внимателни, бидејќи тие се уверени дека не се многу изложени на ризик.

- Сактивел Вајапури, професор на Универзитетот на Рединг во Обединетото Кралство, изјави за ПолитиФакт дека истражувањето треба да се игнорира затоа што нема научна валидност и влијае да кај лицата со крвна група А се зголеми паниката. „Добро е да се игнорира која било статија што не е правилно проверена од колеги-експерти и не е објавен во ниту едно сериозно научно списание“, рече Вајапури во изјавата.

Поврзани вести

article-img
5Г Мрежата убива

13/04/2020

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.