Лажно

ВИДЕО: На небото над Куманово вчера е забележана невообичаена појава – Луѓето се сомневаат во сè и сешто

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 12/04/2020

Lexo

Мит

Еден граѓанин на социјалната мрежа фејсбук објавил видео снимка со која тврди дека Корона Вирусот намерно се шири од небото од лица во чиј интерес е овој вирус да се прошири што повеќе во сите држави.

Тој на неговата објава напишал „Ова е снимано над Куманово вечерва. Некој дечко го снимил случајно пред зајдисонце. Облак не е милијарда посто. Еве кој ни фрлат од „таканаречената КОРОНА”!!!

Веднаш по ова, видеото го презеле неколку онлајн портали кои со нивните непотврдени написи и со само еден извор, и тоа една аматерска видео снимка, напишале дека ова можеби е една од формите како вирусот корона се шири во Северна Македонија. Порталите ова го претставиле како голема загриженост на граѓаните, манипулирајќи на овој начин со чувствата на читателите.

Лажно

Демистификација

Написот објавен на порталот “Javno.mk” е целосно неоснован и непотврден, единствен извор има една аматерска видео снимка направена од еден граѓанин кој, намерно или ненамерно, создал непотребна паника кај граѓаните.

Новинарот пред да објави вести кои имаат моќ да создадат паника кај читателите, треба да има најмалку уште еден дополнителен извор и тоа од надлежните институции или експерти од областа кои би можеле да го објаснат феноменот што се појавува во објавената видео снимка.

Тоа што во видео снимката се тврди дека е „нешто што го шири корона вирусот” се гледа јасно дека не е ништо друго освен еден обичен облак при зајдисонце.

До денес нема ниту еден релевантен доказ, вест од кредибилни медиуми или експерти од областа кои тврдат дека овој вирус може да се шири од небото поради било каква причина. Конкретниот напис не ги исполнува потребните критериуми за да има својство на вест и затоа е еден лажен мит!

Светската Здравствена Организација (СЗО) неколку пати по ред ги појаснувала вообичаените и невообичаените начини за тоа како се пренесува вирусот. Овој вирус главно се пренесува меѓу луѓето кои се во близок контакт со заразени луѓе. СЗО постојано препорачува држење на растојание (од најмалку 1 метар) при контакт со другите луѓе поради тоа што еден од начините за да се заразите со овој вирус е преку капките што излегуваат од устата кога болното лице зборува. Досега COVID-19 е квалификуван како еден од вирусите што се пренесуваат многу лесно и брзо.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.