Лажно
На социјалните медиуми, претежно на Фејсбук, десетици лица имаат споделено долга статија која објаснува детално дека зад глобалната криза со COVID-19, фактички се крие мрежата 5Г. Статијата шпекулира дека 5Г мрежата има многу високи фреквенции кои резултираат уништувачки за човекот. Наведната статија тврди дека:
1. Единствениот град во светот потполно покриен од 5Г беше Вахуан
2. Повеќето 5Г антени се монтирани во Бергамо, Милано, Рим, Ломбардија
3. 250 научници апелираат до Обединетите Нации за укинување на 5Г
Лажно
Гореспоменатите тврдења се неточни, тие се само претпоставки кои се научно непотврдени. Во воведот на статијата се тврди дека сегашната пандемија е предизвикана од 5Г мрежата, што е невистинито. Светската Здравствена Организација (СЗО) објави глобална пандемија на 11 Март 2020. Во описот на болеста од СЗО се подвлекува дека коронавирусите се големо семејство на вируси кои се во состојба да предизвикаат болест кај луѓето и животните. Повеќето коронавируси предизвикуваат болести на респираторниот систем. COVID-19 е инфективна болест предизвикана од новооткриениот коронавирус, една генетска мутација на вирусот SARS кој се прошири во 2003 год. Овој вирус и новата болест беа непознати за светот пред да се прошират во Вухан, Кина, во Декември 2019 год. (СЗО)
Подолу се наведени три митови заменети со факти:
1.Точно е дека Кина има многу 5Г преносни кули, над 100.000, но тие се распоредени во повеќе големи градови, а не само во Вухан. Неточно е тврдењето дека Вухан е единствениот град кој е потполно покриен со 5Г, фактички, Јужна Кореја е првата земја која 5Г мрежата ја лансираше за комерцијални цели, на 3 Април 2019год. (Reuters, IPOL | Policy Department for Economic, Scientific and Quality of Life Policies)
2.На интернет страницата на Министерството за економски развој во Италија, на 16 Март 2017, се објави статија која ги информираше италијанските граѓани дека во текот на тој ден почнува процесот на 5Г мрежата во пет италијански градови. (Ministry of Economic Development, Italy)
3. 5Г Апелот се подготви во 2017 од научници и доктори кои итно бараа од ЕУ да го запре ширењето на 5Г поради сериозниот потенцијал да оваа технологија го загрозува здравјето на луѓето. ЕУ одговори дека што се однесува до новата технологија има потреба од дополнителни истражувања и информации кои потврдуваат дали оваа технологија е навистина штетна за луѓето. Научниот одбор за здравствени опасности во развој и новооткриени здравствени опасности (SCENIHR), е независно тело на Европската Комисија кое ќе обезбеди научни податоци во врска со ова прашање и ќе запре било каква технологија која го загрозува здравјето на граѓаните не ЕУ. (EUROPEAN COMMISSION DIRECTORATE-GENERAL HEALTH AND FOOD SAFETY) (EUROPEAN COMMISSION Cabinet of Commissioner Vytenis Andriukaitis Head of Cabinet)
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.