Заблудувачко

(Видео) СНИМКА ОД КОЈА ЌЕ ВЕ ПОЛАЗАТ МОРНИЦИ: Cоцијалните мрежи вpијат од необичната појава на небото над САД

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 12/04/2020

Lexo

Мит

ИнфоМакс објави прилог во којшто се појавува видео- снимка наводно снимена во САД. Прилогот тврди дека:

1. Речиси идентични видео – снимки се испратени од Охајо, Мичиген, Детроид и Кливленд.

2.  ‘’Ова не е короа вирус, ова не е зрачење. Нека ми каже некој што е ова" – вели еден од авторите на видеото.

3. Во коментарите се јавиле жителите на Портланд и рекле дека истата сцена ја виделе и таму.   

Објавата на ИнфоМакс само во првите часови (до 12.04.2020 – 12:00) има над 150 споделувања на FaceBook.

Заблудувачко

Демистификација

ИнфоМакс со оваа објава ги доведува во заблуда читателите наведувајќи тврдења кои не се потврдени и поттикнуваат конспиративни теории поврзувајќи ги овие тврдења со актуелната пандемија на Ковид 19.

1. ИнфоМакс не објавува други видеа како што е наведено во текстот, туку единственото видео е тоа што е објавено на нивниот портал. При нашето истражување не успеавме да пронајдеме слично видео. Тврдењето е непотврдено, без факти и ги доведува читателите во заблуда.

2. ИнфоМакс поттикнува конспиративни теории врз основ на коментарите на авторот на видеото без притоа да нуди конкретни факти. Тврдењето е заблудувачко.

3. На ист начин ИнфоМакс намерно спекулира без притоа да даде доказ за своите тврдења. Тврдењето е заблудувачко.

При нашето истражување успеавме да стигнеме до една објава на американски портал кој дава непотврдени објаснувања дека веројатно се работи за кинески балони. Подолу е видеото од една кинеска прослава на која се пуштаат такви балони. Пресудете сами.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.