Лажно

Страшно: Ако 5Г убива птици, ќе убива и луѓе

cover image

Myth Buster: Shefkije Alasani

Post Link

Date: 19/04/2020

Lexo

Мит

Последниве денови сме прочитале безброј статии кои шпекулираат дека 5Г мрежата е причинител за масовно угинување на птици. Mythbuster постојано ги прати овие вести и заменува митови со факти. Последно, на еден интернет портал се објави статија со наслов “Страшно: Ако 5Г убива птици, ќе убива и луѓе" која имала 3.153 интеракции на Фејсбук од кои 613 се споделувања. Насловот на статијата не само што не се совпаѓа со содржината на текстот, туку и доаѓа до нелогични заклучоци кои предизвикуваат паника кај читателите. Без да се потпира на некој веродостоен извор, текстот на статијата за кој станува збор тврди дека:

1. Стотици птици паднале од небо во Хаг, Холандија, додека се тестирала антена на 5Г мрежа

2. Статусот на едно лице на Фејсбук потврдува дека птиците угинале од ефектот на 5Г мрежата

3. За време на експеримент на 5Г мрежата во Швајцарија се забележа необично однесување на кравите, станува збор за експериментот во Гронинген каде целото стадо крави завршило во канал.

4. Се смета дека 5Г мрежата ќе има негативен ефект врз здравјето на луѓето.

Лажно

Демистификација

1. Во октомври 2018 година беа пронајдени околу 300 угинати птици во градскиот парк во Хаг. Без никакви конкретни резултати, оваа појава се искористи за промовирање на една теорија на заговор, така на 5 ноември 2018 година, во блог на заговори беше објавена статија со наслов: “Стотици птици угинаа како резултат на експериментирање со 5Г мрежата во Хаг, Холандија". Во меѓувреме, холандските власти го потврдија мистериозното угинување на стотици птици и соопштија дека Холандија, како и многу други земји, ја тестираше 5Г мрежата, но во време што не се совпаѓа со времето на угинување на птиците. На 28 јуни 2018 година беше направено тестирање на 5Г мрежата во Хаг, а дополнително холандската влада подвлече дека 5Г антената не е тестирана во близина на паркот. Експертите кои извршиле обдукција на птиците, рекоа дека угинатите птици имаат скршеници и крварење, и заклучиле дека птиците угинале како резултат на силен судир со некој тврд предмет. При вештачењето, експертите исто така откриле дека птиците јаделе токсични семки од капини. (FullFact)

2. Единствениот извор на кој се основа статијата е Фејсбук статусот на Јохан Кајл. За време на нашето пребарување на Фејсбук, не успеавме да го најдеме Јохан Кајл, а камоли неговиот славен статус.

3. Гронинген фактички не се ни наоѓа воопшто во Швајцарија. Гронинген е град во север на Холандија.

4. 5Г е идната генерација на технологијата на безжичната мрежа, која следи по 4Г мрежата. Една од многуте предности на оваа технологија ќе биде да се обезбеди побрз пристап до Интернет од мобилните телефони, за повеќе уреди истовремено. Експертите велат дека нема никаков научен доказ дека оваа технологија претставува закана за човековото здравје. Меѓународната комисија за заштита на нејонизирачко зрачење (ICNIRIP), меѓународно научно тело со седиште во Германија, објави ново упатство за 5Г бранови. Раководителот на ова тело д-р Ерик ван Ронген, меѓу другото, за јавноста рече: “Знаеме дека луѓето се загрижени за безбедноста од 5Г и се надеваме дека од ажурираното упатство ќе им олесни луѓето. Упатството е обработено врз основа на прегледот на релевантна научна литература, научни работилници и обемен процес на консултирање со јавноста. Тие обезбедуваат заштита од сите неповолни здравствени ефекти научно аргументирани од изложеност (електромагнетно поле) во опсег од 100 kHz до 300 GHz.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.