Лажно

Лек за вирусот COVID 19 од Израел

cover image

Myth Buster: Shefkije Alasani

Post Link

Date: 03/04/2020

Lexo

Miti

Заедно со ширењето на пандемијата COVID-19 низ целиот свет, со ист ритам се шири и неправилното информирање на луѓето. Илјадници лажни вести се шират низ социјалните мрежи и другите Интернет платформи за информирање во тек на еден ден. Една таква вест е и таа дека израелски рецепт го лечи вирусот во домашни услови. Информацијата е споделена илјадници пати во тек на неколку дена на социјалните мрежи како Вајбер, ВатсАп, Месинџер, итн., кое прави да луѓето поверуваат, па дури и да го консумираат овој рецепт во секојдневниот живот.

„Лек за вирусот С19 или начинот за негово елиминирање. Информацијата доаѓа од Израел, таму каде што овој вирус не предизвика смрт.

Рецептот е едноставен

  1. Лимон

  2. Бикарбонат

Измешајте ги и испијте како врел чај - секое попладне, дејството на лимонот со топла сода бикарбона, веднаш го уништува вирусот, целосно го елиминира од телото. Овие две состојки го алкализираат имунолошкиот систем, бидејќи паѓа ноќта системот станува кисел, а одбранбените се пониски.

Оваа е причината зошто израелскиот народ е мирен што се однесува до овој вирус. Сите во Израел пијат чаша врела вода со лимон и малку сода бикарбона ноќе, бидејќи е докажано дека го уништува вирусот. Споделете го со целото семејство и пријатели, за да никој од нас не го добие вирусот.

Ве молиме споделете го ова веднаш„

Споменатиот рецепт тврди дека:

- Мешањето на лимон со сода бикарбона во малку топла вода го уништува вирусот

- Израелскиот рецепт го алкализира имунолошкиот систем

- Затоа израелскиот народ е мирен

Лажно

Демистификација

Иако Светската здравствена организација (СЗО) постојано информира со факти за сите детали за новиот коронавирус, постојат многу луѓе кои стануваат плен на лажни и непроверени вести. СЗО подвлекува дека нема научен доказ дека употребата на одредени видови лекови, било да се традиционални, подготвени во домашни услови, или фармацевтски лекови, кои може да излечат COVID 19. Единствениот ефикасен третман во моментов е болничкиот третман. Што се однесува до спомнатиот рецепт, не е пронајден ниту еден доказ кој потврдува дека консумирање на сода бикарбона или лимон спречува инфекција со COVID 19. (СЗО)

Подолу се наведени три митови заменети со факти:

Мешањето на лимон со сода бикарбона во малку топла вода го уништува вирусот -

Користењето на лимонот и топлата вода како терапија со витамин Ц нема да го „убијат“ или „забават ширењето“ на COVID -19, нема дури ни да обезбедат клинички значителна количина на витамин Ц. Составот на топол пијалак од лимон и натриум бикарбонат нема да стори ништо за да ја промени pH вредноста на вашето тело или на вашиот имунолошки систем. Од овие причини, „лековите“ поврзани со лимон се сметаат за „лажни“.(Snopes)

 - Израелскиот рецепт го алкализира имунолошкиот систем – едно вакво тврдење можеби

произлегло од теоријата која е споделена на интернет дека „алкалната„ диета помага при спречување на рак. Оваа теорија е одбиена од експерт на оваа поле како Американскиот институт за истражување на рак. (Reuters)

 

Затоа израелскиот народ е мирен - Во моментов во Израел има 6092 лица погодени од

COVID -19, 26 починати и само 241 излечени лица(Worldmeters). На 25 март, како и многу влади низ целиот свет, израелската влада, исто така, презеде мерки за ограничување на движењето на своите граѓани со цел да го забави ширењето на вирусот.(Snopes)

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.