Лажно
На социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, ЈуТјуб и други платформи за комуникација стотици пати се прошири инфограф и некои видеа кои тврдат дека најпознатите пандемии што го опфатиле светот, избиваат на секои 100 години. Воспоставувајќи една таква корелација, тврдењето остава место за шпекулации и теории на заговор дека епидемиите не се случајни, туку следат предодредена траекторија и можеби се намерно предизвикани. Инфографот тврди дека:
Големата чума или позната како Црната Смрт изби во 1720 год.
Пандемијата на колера изби во 1820 год.
Пандемијата на Шпанскиот Грип изби во 1920 и
Пандемијата на Корона вирусот изби во 2020 год.
Лажно
Наводите за појава и ширење на пандемии во инфографот се не точни и поради оваа причина, митот е лажен. Овие се годините на пандемии на кои инфографот се однесува.
1. Големата чума или Црната Смрт се раширила меѓу 1347 и 1351 година и предизвикала смрт на 1/3 на населението во средновековна Европа (извор: Enciklopedia Britannica)
2. Пандемија на колера – Додека епидемијата продолжува да се појавува повторно и во тек на 21-от век, се појавиле првите шест пандемии на колерата во годините:
Прва: 1817 – 1824
Втора: 1829 – 1937
Трета: 1846 – 1860
Четврта: 1863 – 1875
Петта: 1881 – 1886
Шеста: 1889 – 1923 (извор: Enciklopedia Britannica)
3. Пандемија на Шпански грип- во однос на бројот на смртни случаи предизвикани од Шпанскиот грип, се смета и како една од најопасните пандемии во историјата на човештвото. Пандемијата Influenza се појави во тек на 1918-1919 година и предизвика смрт на над 50 милиони луѓе (извор: Enciklopedia Britannica)
4. Пандемија на Корона Вирусот (Covid-19) – Иако првите случаи на појавата на новиот Корона вирус (Covid-19) се регистрирани во Ноември 2019 год., во Вухан, на Кинеската провинција Хубеи, Светската Здравствена Организација (СЗО) ја прогласи како глобална пандемија на 11 јануари 2020 год. (извор: СЗО)
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.