Лажно

‘’Бели траги” на небо

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 19/04/2020

Lexo

Мит

По низа лажни, заблудувачки вести, манипулации и дезинформации околу пандемијата КОВИД 19, 5Г мрежата, вакцинацијата, угинувањето на птиците, микрочиповите и Бил Гејтс, изгледа дека сега се актуализира една друга теорија на заговор на социјалните мрежи поврзана со белите трагите на небото, траги кои ги оставаат зад себе авионите. Оваа теорија на заговор не е нова, за неа се напишани стотици лажни вести, објави на социјалните мрежи и квази документарци кои ја “откриваат вистината која се крие” за тоа дека тие се хемиски или биолошки агенти. Оваа појава е често поврзана со вакцинирањето преку воздух, со прскање со алуминиум и други гасови за “контролирање на умот на граѓаните“ од }елитите кои сакаат да владеат со светот со единствена влада, контролирана од нив“ и стотици други измислени шпекулации за заговори против граѓаните, вклучувајќи ја и контролата на временските услови, контролата на наталитетот и многу други измислени шпекулации.

Во последно време, оваа теорија на заговор е ставена во корелација со сегашната состојба и разни корисници споделуваат фотографии на социјалните мрежи, оставајќи простор за различни толкувања кои шират паника кај граѓаните.

Лажно

Демистификација

Што се “белите траги”, познати како “Contrails” кои авионите ги оставаат зад себе и зошто се создаваат?

Во обид да и разјасни на јавноста и граѓаните кои беа жртви на теориите на заговор во 2000 година (ревидирано во 2012) Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА) го објави следново објаснување:

“Белите траги” (Contrails) се облаци во облик на линија или ‘траги од кондензација, сочинети од честички од мраз кои се видливи зад моторите на авионите во одредени атмосферски услови и од време на време можат да останат подолго. ЕПА нема сознанија за било какви намерни активности за пуштање на хемиски или биолошки агенси во атмосферата“. Овде може да најдете детално објаснување за формирањето, појавувањето и ефектите на ‘’Contrails’’.

Исто така, и The Telegraph посветил една статија на заговорите поврзани со појавата на “белите траги” (Contrails)  и дава подетални објаснувања за истото.

Подолу имате информативен видео запис од Бизнис Инсајдер за оваа појава.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.