Вакцина против корона вирус: Кога ќе ја имаме?

Извор: BBC

Линк

Датум: 24/04/2020

Lexo

Од Џејмс Галагер

Корона вирусот се шири низ целиот свет, но сè уште не постојат вакцини кои ќе го заштитат организмот од болеста што ја предизвикува, Ковид-19.

Медицинските истражувачи работат напорно за да го променат тоа.

Зошто е важна вакцината против корона вирусот?

Вирусот се шири лесно и мнозинството од светската популација е сè уште ранлива на него. Вакцината ќе обезбеди одредена заштита преку обука на имунолошките системи на луѓето за борба против вирусот за да тие не се разболат.

Ова ќе овозможи постепено укинување на самоизолациите , социјалното дистанцирање и мерките на претпазливост да се намалат.

Каков вид на напредок е постигнат?

Истражувањата се прават со неверојатна брзина. Околу 80 групи ширум светот истражуваат вакцини, а некои сега влегуваат во клинички испитувања.

  • Првото испитување на вакцина за луѓето беше најавено минатиот месец од научниците во Сиетл. Невообичаено, тие  прескокнуваат секакви истражувања на животните за да ја тестираат нејзината безбедност или ефективност

  • Во Оксфорд, првото човечко истражување во Европа започна со повеќе од 800 регрути - половина ќе добијат вакцина за Ковид-19, а остатокот контролна вакцина која штити од менингитис, но не и од корона вирус

  •  Фармацевтските гиганти Санофи и ГСК се здружија за да развијат вакцина

  • Австралиските научници започнаа со инјектирање ферети со две потенцијални вакцини.Тоа е прво сеопфатно предклиничко испитување во кое се вклучени животни, а истражувачите се надеваат дека ќе ги тестираат на луѓето до крајот на Април

Како и да е, никој не знае колку ќе бидат ефективни вакцините.

Кога ќе имаме вакцина против корона вирус?

За вакцината, нормално би биле  потребни години, ако не и децении за да се развие. Истражувачите се надеваат дека ќе постигнат истото но со многу интензивно темпо на работа само за неколку месеци.

Повеќето експерти сметаат дека вакцината најверојатно би била достапна до средината на 2021 година, околу 12-18 месеци откако новиот вирус, познат како Сарс-КоВ-2, првпат се појави.

Тоа би бил огромен научен подвиг и нема гаранции дека ќе работи.

Четири типови на корона вируси веќе циркулираат во човечките суштества. Тие предизвикуваат вообичаени симптоми на настинка и немаме вакцини за ниту еден од нив.

Што уште треба да се направи?

Повеќе истражувачки групи  имаат дизајнирано потенцијални вакцини, меѓутоа, треба да се направи уште многу повеќе

  • Испитувањата треба да покажат дека вакцината е безбедна. Не би била од корист ако таа предизвика повеќе проблеми од болеста

  • Клиничките испитувања исто така ќе треба да покажат дека вакцината предизвикува имунолошки одговор што ќе ги заштити луѓето да не се разболат.

  • Треба да се развие начин за производство на вакцината во огромни количини за да може да се произведат милијарди потенцијални дози.

  • Контролорите на лекови мора да го одобрат пред да биде даден

  • Конечно, ќе има и огромен логистички предизвик за всушност имунизирање на поголемиот дел од светската популација

Изолациите може да го направат овој процес побавен. Доколку помалку луѓе се заразени, ќе биде потребно подолго време да се дознае дали вакцината всушност работи.

Идејата да се даде на луѓето вакцината и потоа намерно да се инфицира (позната како студија за предизвици) ќе даде побрзи одговори, но се смета за премногу опасна се додека не постои познат третман.

Колку луѓе треба да се вакцинираат?

Тешко е да се знае, без приота да се знае  колку би била ефективна вакцината.

Се смета дека 60-70% од луѓето треба да бидат имуни на вирусот со цел да престанат да се шири лесно (познат како имунитет на стада).

Но, тоа би биле милијарди луѓе ширум светот доколку вакцината би работела совршено.

Како се создава вакцина?

Вакцините безопасно прикажуваат вируси или бактерии (или дури и мали делови од нив) на имунолошкиот систем. Одбраната на телото ги препознава како напаѓач и учат како да се борат против нив.

Тогаш, ако организмот некогаш  би било и реално изложен , тој веќе  ќе знае што да прави.

Главниот метод на вакцинација со децении беше да се користи оригиналниот вирус.

Вакцината против сипаници, заушки и рубеола (ММР) е направена со употреба на ослабени вируси кои не можат да предизвикаат целосна инфекција. Примерокот на сезонскиот грип ги зафаќа главните видови на грип што кружат и целосно ги оневозможува.

Работата на нова вакцина против корона вирус користи нови, а помалку тестирани, пристапи наречени вакцини „приклучок и игра“ (plug and play). Бидејќи го знаеме генетскиот код на новиот корона вирус, Sars-CoV-2, имаме целосен план за негово градење.

Истражувачите во Оксфорд ставиле мали делови од неговиот генетски код во безопасен вирус што ги инфицира шимпанзата. Тие се надеваат дека развиле безбеден вирус кој изгледа доволно како коронавирус за да предизвика имунолошки одговор. Други групи користат парчиња суров генетски код (или ДНК или РНК во зависност од пристапот), кои штом еднаш се инјектираат во организмот, треба да започнат со производство на парчиња вирусни протеини со кои имунолошкиот систем повторно може да научи да се бори.

Дали вакцината би ги заштитувала луѓето од сите возрасти?

Речиси неизбежно ќе биде помалку успешна кај постарите лица, бидејќи постариот имунолошки систем не реагира толку добро на имунизацијата. Ова го гледаме со годишниот грип. Би можеле да биде возможно да се надмине ова со давање повеќекратни дози или да се даде заедно со хемикалија (наречена адјуванс) што му дава поттик на имунитетот.

Кој би добил вакцина?

Ако се развие вакцина, тогаш ќе има ограничена количина, барем на почетокот, така што ќе биде важно да се даде приоритет. Здравствените работници кои стапуваат во контакт со пациенти со Ковид-19  ќе бидат на врвот на листата.

Болеста е најсмртоносна кај постарите луѓе, така што тие би биле приоритет доколку вакцината била ефективна кај оваа возрасна група.

Сепак, можеби е подобро да се вакцинираат оние што живеат со нив или се грижат за стари лица наместо тоа.

Превод и адапција: Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.