Од Шпанскиот грип починаа повеќе од 50 милиони луѓе. Овие лекции може да помогнат да не се повтори истото и со корона вирусот

Извор: CNN

Линк

Датум: 23/04/2020

Lexo

Како може да се запрат пандемиите?

Од Holly Yan, CNN

((CNN) Пандемија го опустоши светот како шумски пожар, при што починаа повеќе од 50 милиони луѓе на глобално ниво и околу 675.000 во САД.

Интензитетот и брзината со кои погоди, беа скоро незамисливи – при тоа заразувајќи една третина од населението на Земјата“, соопшти Светската Здравствена организација.

Тоа беше пандемија од грип во 1918. Вирусот често пати беше нарекуван  “ Шпански грип” иако не ни потекнуваше од Шпанија.

Брзо нанапред се до 2020 година, а новиот корона вирус исто така се шири со зачудувачка брзина. Некои од болните лекции научени од пандемијата во 1918  се сеуште важни и денес.

И би можеле да помогнат, за да се спречи еднаков катастрофален исход.

Лекција #1 Не се откажувајте прерано од социјалното дистанцирање

За време на пандемијата на Шпанскиот грип, луѓето престанаа да се дистанцираат премногу рано, при што тоа доведе до втор бран на зарази, кој беше посмртоносен и од првиот, велат епидемиолозите.

Всушност, еден поголем собир на луѓе пред крајот на првиот бран во 1918 помогна да се разгори и активира вториот смртоносен бран.

Во Сан Франциско, кога бројот на заразени од Шпанскиот грип беше паднат речиси на нула, “градските татковци рекоа, Да го отвориме градот. Ајде да направиме голема градска парада во центарот на градот. Ние сите ќе ги извадиме маските заедно тогаш” вели Др. Лери Брилијант.

“Два месеци подоцна, поради тој настан, големиот грип повторно се врати рикајќи”.

Од другата страна на САД, Филаделфија доживеа слична судбина. И покрај тоа што 600 морнари од морнарицата на Филаделфија, имаа Шпански грип во Септември 1918 година, градот сепак не ја откажа парадата закажана за 28 Септември 1918 година.

 

3 дена подоцна, Филаделфија имаше 635 нови случаи на заразени со Шпански грип, според Центарот за записи и архиви на Универзитетот од Пелсилванија.

„Брзо, Филаделфија стана град со најголем број жртви на грип во САД“, се вели во истражувањето на Пен

Сосема спротивно од ова Сент Луис,кој имаше закажано слична парада но ја откажа поминаа многу подобро.

“Следниот месец, повеќе од 10,000 луѓе во Филаделфија починаа поради пандемијата на грипот, додека бројот на смртните случаи во Сент Луис не се искачи над 700” велат од Американскиот центар за контрола и превенција на болести

Се разбира, дека различни места ќе достигнат различни пикови во различни временски периоди. Но, само затоа што едно место го поминало таканречениот врв на коронавирус, тоа не значи дека нови заразени или смртни случаи таму не можат повторно да пораснат.

„Сликата што ја имаме од оваа криза на епидемијата, велиме дека ќе достигнеме “врв” - гледаме во тоа, во нашите умови изгледа како планината Фуџи ... единствена, осамена планина “, вели Брилијант.

„Мислам дека нема да изгледа така. Мислам дека подобрата слика е бран на цунами, со одекнати бранови што следат. И зависи од нас, колку ќе бидат големи тие други бранови“.

( Опис на слика) Општинскиот аудиториум Оукленд во Калифорнија беше претворен во привремена болница со медицински сестри волонтерки од Американскиот Црвен крст во 1918 година.

Лекција #2: Младите и здрави возрасни лица, може да бидат жртви на нивните силни имунолошки системи

Пандемијата во 1918 ги однесе животите на многу млади возрасни кои инаку беа здрави, вели Џон М. Бери, професор на Тулан Универзитет за Јавно Здравје и Тропска Медицина.

Околу две третини од смртните случаи тогаш беа луѓе на возраст од 18 до 50 години ”а возраст за врв на смрт беше 28“, рече Бери, автор на „Големиот грип: Приказната за најсмртоносната пандемија во историјата“.

Во годините што доведоа до пандемија на грип во 1918 година, очекуваниот животен век во САД беше во раните 50-ти . Но, за само една година по ударот, просечниот животен век на САД се намали за 12 години.

Заклучно со 2017 година, просечниот животен век во САД беше 78,6 години. И со корона вирус, постарите лица и оние со основни здравствени проблеми се изложени на поголем ризик од тешки компликации.

Сепак, многу млади и здрави луѓе, исто така сериозно се разболуваат или умираат од Ковид-19.

Една од причините поради кој грипот во 1918 година беше толку смртоносен за младите возрасни, беше затоа што избувнувањето на заразата започна за време на Првата светска војна, кога многу војници беа во касарни и во близина на едни со други.

“Американските кампови за воени обука очигледно имаа голема смртност“, рече Бери.

Сега нема светска војна, но остануваат важни лекции: Младите, здрави луѓе не се непобедливи. И, нивниот силен имунолошки систем може да работи против нив.

Гледајќи назад на шпанскиот грип, научниците сега веруваат дека „прекумерната реакција на имуниот систем придонесол за високи стапки на смртност кај инаку здрави млади возрасни во 1918 година“, напиша д-р Ричард Гундерман, професор по медицина на Универзитетот во Индијана.

Еден век по таа пандемија, хиперактивниот имунолошки систем, исто така, може да придонесе за смртта на младите луѓе од корона вирус, изјави главниот дописник на Медицинскиот CNN , д-р Сањај Гупта. Овие премногу силни одговори честопати се нарекуваат бури на цитокини.

„Кај некои млади, здрави луѓе, премногу реактивиот имунолошки систем може да доведе до голема воспалителна бура што може да биде пресилна за белите дробови и другите органи“, истакнува Гупта.

„Во тие случаи, проблемот не е во возраста или ослабениот имунолошки систем -  туку е тоа што тој работи премногу добро“.

(опис на слика) Пациентите од грип лежат во касарната болница на земјоделскиот колеџ во Форт Колинс, Колорадо, во 1918 година.

Лекција#3: Не фрлајте недокажани лекови на вирусот

Да, има големи медицински и технолошки достигнувања во последните 102 години. Но, Шпанскиот грип и новите пандемии на корона вирус споделуваат два големи предизвици: недостаток на вакцина и немање лек.

Уште во 1918 година, лековите “варираа од ново развиените лекови до масла и билки“, според истражувачкиот пост на Универзитетот Стенфорд. “Терапијата беше многу помалку научна од дијагностиката, бидејќи лековите немаа јасна објаснувачка теорија на дејствување“

Во 2020 година, постојат широко распространети шпекулации за тоа дали хидроксихлорокин - лек кој се користи за лекување на маларија, лупус и ревматоиден артритис - може да им помогне на пациентите со корона вирус.

Претседателот Доналд Трамп се залагаше за хидроксихлорокин, велејќи: „Што ќе изгубите? Земете го“.  После тоа, некои почнаа да го чуваат лекот - иако сè уште се тестира и може дури и да не работат против корона вирус.

Една неодамнешна студија покажа дека хидроксихлорокинот не помага во хоспитализирани пациенти со корона вирус - наместо тоа, некои пациенти развиле абнормални срцеви ритами.

 “Ова докажува дека хидроксихлорокинот очигледно не ги третира пациентите со„ Ковид 19“, рече д-р Пол Офит, специјалист за заразни болести во Детската болница во Филаделфија.

“Уште полошо, имаше несакани ефекти предизвикани од лекот – срцеви токсини што бараше брзо да се прекине“.

Лекарите во Бразил и Шведска, исто така, изразија загриженост за употреба на хлорокин, лек многу сличен на хидроксихлорокин, кај пациенти со корона вирус поради нивни проблеми со срцето.

Во крајна линија: Сè уште не е јасно дали некои лекови ќе предизвикаат поголема штета отколку добро во борбата против корона вирусот.

 

CNN's Leah Asmelash, Elizabeth Cohen and Dr. Minali Nigam придонесоа за овој извештај.

Превод и Адаптација Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.