Како тинејџерите може да го заштитат своето ментално здравје за време на корона вирусот (COVID-19)

Извор: UNICEF

Линк

Датум: 02/04/2020

Lexo

6 Стратегии за тинејџерите кои се соочуваат со ново (привремено) нормално

Да  се биде тинејџер е тешко и без тоа, а корона вирусната пандемија (СОВИД-19) само дополнително го отежнува ова. Со затворањата на училиштата и откажаните настани, многумина од тинејџерите ги пропуштаат и им недостасуваат некои од најголемите моменти во нивните млади животи – било тоа да се некои од секојдневните моменти, како зборување со нивните пријатели и учество во часовите.

За тинејџерите кои се соочуваат со овие животни предизвици кои настанаа како резултат на овие несакани појави и се чувствуваат анксиозни, изолирани и разочарани треба да го знаете ова: вие не сте сами ! Ние зборувавме со психолог експерт за адолесенти – најпродаван автор и месечен колумнист на New York Times Др. Лиса Дамур за тоа што може да направите и да започнете да се грижите за себе и така да го зачувате вашето ментално здравје.

1. Препознајте и прифатете, дека вашата анксиозност и вознемиреност е сосема нормална

Ако затворањата на училиштата и алармантните наслови ве прават да се чуствувате анксиозно и вознемирено вие не сте единствените. Всушност така и би требало да се чуствувате. ”Психолозите одамна препознаа дека анксионзноста е нормнална и здрава функција која ве предупредува за закани и ни помага на нас да преземеме мерки за да се заштитиме себеси” вели Др Дамур. “Вашата аксиозност ќе ви помогне да донесете одлуки кои што треба да ги донесете сега- да не поминувате време со други луѓе во поголеми групи, да ги миете рацете и не го допирате лицето”. Овие чувства ви помагаат да се заштите и тоа не само себеси туку и другите околу вас. Ова е исто “како ние се грижиме за членовите на нашата заедница. Ние мислиме и на луѓето околу нас исто така. “

Додека вознемиреноста околу COVID-19 е целосна разбирлива, уверете се дека користите “доверливи извори како веб страниците на Уницеф UNICEF и Светската Здравствена Организација, World Health Organization’s, за да добиете информации, или да проверите информации кои сте ги добиле преку помалку доверливи канали” препорачува Др. Дамур.

Ако сте загрижени дека имате некои симптоми, важно е да зборувате со вашите родители за ова. “Имајте на ум дека болестите како резултат на инфекција од COVID-19 се генерално благи, особено кај деца и млади” вели Др. Дамур. Исто така е важно да запомнете дека многу од симптомите на COVID- 19 може да бидат третирани. Таа препорачува да им дозволите на родителите или на некоја возрасна личност на која и верувате да знаат дека не се чувствувате добро, или доколку се чувствувате загрижено за вирусот, за да би можеле да ви помогнат.

И запомнете: “ Има многу ефективни нешта кои може да ги направиме за да се заштитиме и зачуваме себеси и другите, и да воспоставиме подобра контрола на нашите околности: често да ги миеме рацете, да не ги допираме нашите лица и социјално да се дистанцираме. “

2. Создадете дистракции- одвлекувања

Она што го знаат психолозите е тоа дека кога сме по хронично тешки услови, многу е корисно и ќе биде од голема помош да го поделиме проблемот на две категории: работи за кои можам нешто да направам, а потоа работи за кои ништо не можам да направам,” вели Др. Дамур.

Има многу работи кои припаѓаат на втората категорија во моментов, и тоа е во ред, но една работа која помага да се справиме со тоа е создавање дистракции – оддалеченост за себеси. Др.Дамур препорачува да пишувате домашни, гледате омилен филм или одете во кревет со роман како начини да се најде релаксирање, олеснување и пронаоѓање рамнотежа од ден за ден..

3. Пронајдете нови начини да се поврзете со вашите пријатели

Ако сакате да поминете време со пријателите додека практикувате социјално дистанцирање, социјалните медиуми се одличен начин да се поврзете. Станете креативни: Џон во Тик-Ток предизвик како #safehands. “Јас никогаш не би ја потценила креативноста на тинејџерите” вели Др.Дамур. “Моја претпоставка е дека тие ќе најдат начини да се поврзат меѓусебно по виртуелен пат на начини кои што се различни од оние кои досега ги применувале”.

“Но нема да биде добра идеја да имате непречен пристап до екраните или на социјалните медиуми. Тоа не е здраво, не е ни паметно, и може да ја зголеми вашата анксиозност” вели Др Дамур, и пропорачува да изработите распоред за време, поминато на екраните заедно со вашите родители.

4. Фокусирајте се на себе

Дали посакувавте да научите како да направите нешто ново, да почнете нова книга, или да поминете време во изучување и вежбање на некој музички инструмент? Сега е време да го направите ова. Фокусирањето на себе и пронаѓање начини да го употребите вашето ново пронајдено време е продуктивен начин за грижа и зачувување на вашето ментално здравје. “ Јас направив листа на сите книги кои сакам да ги прочитам и нешта кои планирам да ги направам” вели Др. Дамур.

 “ Кога станува збор за болно чувство, единствен излез е преку него.”

5. Почувствувај ги своите чувства

Пропуштање на настани со пријатели, хоби, или спортски натпревари е неверојатно разочарувачки. “Овие се големи загуби”. Со право, тие се навистина вознемирувачки за тинејџерите,” Вели Др. Дамур. Најдобар начин да се справиме со ова разочарување? Дозволи да го почувствуваш. “Кога станува збор за болно чувство, единствен излез е преку него.” Само напред, и бидете тажни, ако си дозволите на себе да бидете тажни, побрзо ќе почнете да се чувствувате подобро.”

Обработувањето на вашите чувства изгледа поинаку за секого. Некои деца ќе направат уметност, некои деца ќе сакаат да зборуваат со нивните пријатели и да ја користат нивната споделена тага кака начин да се почувствуваат поврзани во време кога не можат да бидат заедно лично, а некои деца ќе сакаат да најдат начини за да земат храна во банките за храна.” Вели Др. Дамур. Она што е важно да го направите, е она што чувствувате дека е добро за вас.

6. Бидете љубезни спрема себеси и другите

Некои тинејџери се соочуваат со булинг-малтретирање и насилство во училиште поради корона вирусот. “Активирање на случајни минувачи е најдобар начин за решавање на било какво малтретирање” вели Др.Дамур. “ Oд децата и тинејџерите кои се таргетирани не треба да биде очекувано да се спротистават на малтретирачите. Наместо тоа ние би требало да ги охрабриме да се обратат на пријатели или возрасни за помош и поддршка.”

Ако сте сведок на пријател кој бил малтретиран, приближете се до нив и обидете се да ја понудите вашата поддршка. Неправање и непреземање ништо ќе придонесе личноста да се почувствува дека сите се против неа, или дека на никому не му е грижа. Вашите зборови може да направат разлика.

И запомнете: сега повеќе од било кога ние треба да бидеме внимателни и да размислиме за она што го споделуваме и кажуваме кое може да ги повреди другите.

Интервју и статија од Манди Рич, писател за дигитални содржини, УНИЦЕФ.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.