Помогни

Како може да помогнеш?!

Лажните вести, неправилното информирање и дезинформирањето се секогаш штетни за општествата, но во вонредни ситуации како сегашнава со пандемијата на коронавирусот (Covid-19), може да бидат многу опасни по физичкото и менталното здравје на општеството. Затоа, секој од нас може да игра позитивна улога во заштита на колективното физичко и ментално здравје.

Како може да помогнеш и да станеш Демистификатор (MythBuster)? 

Демистификаторите се на првата линија на фронтот во борбата против лажните вести, неправилното информирање и дезинформирањето на граѓаните за зачувување на демократијата и правилното и точно информирање на граѓаните. 

Како можеш да станеш демистификатор?

  1. Доколку наидете на лажна вест која сме ја демистифицирале на нашата платформа, споделете ја во коментарот под врската на страницата на социјалните мрежи или кај пријателот кој ја споделил веста. 

  2. Доколку некој пријател ви испрати некоја лажна вест на WhatsApp, Viber или друга платформа за комуникација, а MythBuster веќе ја демистифицирала истата, копирајте ја врската од нашата страница и испратете му ја на пријателот или групата за да ги информирате точно. Едуцирајте го вашиот пријател со правилни информации. 

  3. Доколку наидете на вест која бргу се шири по социјалните мрежи или разни платформи за комунукација, испратете ни ја овде. Нашата екипа ќе ја утврди вистинитоста на веста и ќе ви помогне да вие и вашите пријатели правилно се информирате. 

  4. Споделете ги нашите објави со своите пријатели на социјалните мрежи или другите платформи за комуникација. Правилното информирање ве штити вас и вашата околина. Пишете ни! (form)

Form

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.