Како наставниците може да зборуваат со децата за корона вирусот (COVID-19)

Извор: UNICEF

Линк

Датум: 02/04/2020

Lexo

Совети за имање на дискусија која е соодветна на годините, која ќе ги увери и заштити децата

Како што луѓето низ светот преземаат превентивни мерки за да се заштитат себеси, нивните семејства, и нивните заедници од болеста на корона вирусот (COVID-19) исто така е важно децата да можат да продолжат да учат, а дека тоа можат да го направат во средина која е добра, почитувачка, инклузивна, и поддржувачка за сите.

Училиштата и наставниците играат клучна улога во ова. Споделувањето на точни и проверени информации и научно потврдени факти за COVID-19 ќе помогне да се намалат стравовите на учениците и вознемиреноста околу заболувањето и ќе ја зајакне нивната способност да се справат со било какви секундарни влијанија во нивните животи.

Еве некои предлози, за тоа како наставниците може да ги здружат учениците од различна возраст ( предучилишна preschool основно primary нижо средно lower secondary средно upper secondary ) на превенција, спречување и контролирање на COVID-19 и други вируси. Било какви разговори или активности треба да ги земат во предвид конкретните потреби на децата, упатствата обезбедени од вашето училиште, локални и/или национални власти, и се базирани на доверливи и реномирани извори како УНИЦЕФ UNICEF  и Светската Здравствена Организација World Health Organization.

 Предучилиште 

  • Фокусирајте се на комуникација и добри здравствени практики, како што се покривање на лицето кога кашламе или киваме со лактот и миење раце. Видете повеќе за тоа како да го намалите ризикот од инфекција на линкот here.

  • Еден од најдобрите начини да за ги зачувате децата безбедни од корона вирусот и други заболувања е со едноставно поттикнување на редовното миење на рацете, најмалку 20 секунди. Не треба да бида страшен разговор. Пејте заедно со Вигл . Sing along with The Wiggles или следете го танцот or follow this dance за да го направите учењето забавно. Видете повеќе за миење на рацете на линкот во продолжение here.

  • Создадете начин да забележувате како децата ги мијат рацете и пронајдете начин да ги наградите за редовното/повремено миење на рацете.

  • Користете маски или кукли за да ги прикажете симптомите ( кивање, кашлање, треска) и што да направат ако се почувствуваат болни( како тоа ако ги боли глава, нивниот стомак ако ги боли, ако се чувствуваат како да им е многу жешко, или се многу изморени) и како да се утеши некој кој е болен ( развивање на емпатија, и грижливо однесување)

  • Кога е време за круг нека децата седнат подалеку еден од друг со вежбајќи и истегнувајќи ги рацете “ виткаат со крилата “ тие треба да имаат доволно простор помеѓу себе за да не ги допираат нивните пријатели.

 Основно училиште 

  • Осигурете сеа ги слушате грижите на децата и одговорете им на нивните прашања на начин кој е соодветен на возраста. Немојте да ги презаситите со многу информации. Охрабрете ги нив да ги изразат своите чувства и да разговараат за нив. Разговарајте за различните чувства кои би можеле да ги доживуваат и објаснете им дека тие се нормални реакции во овие абнормални ситуации.

  • Нагласете им на децата дека тие можат да направат многу за да се заштитат себеси и другите. На пример запознајте ги со концептот на социјално растојание ( стоење настрана од пријателите, избегнување на поголеми собири, недопирање ма луѓето доколку нема потреба за тоа итн. ) Исто така фокусирајте се на добрите здрави практики, како што се покривање на кашлањето и кивањето со помош на лакотот и миење на рацете. Видете повеќе за тоа како да го намалите ризикот од инфекција here.

  • Помогнете им на децата да ги разберат основните концепти за превенција на заболувањето и контрола. Користете вежби во кои ќе бидат прикажани бактериите и како тие може да се шират. На пример може да ставите обоена вода во спреј шише и да го испрскате на парче бела хартија, потоа набљудувајте како капките патуваат.

  • Прикажете зошто е толку важно да ги миете рацете 20 секунди со сапун. На пример ставете мала количина на светки на рацете на учениците и нека тие ги мијат само со вода, и нека забележат колку светки ќе им останат на рацете. Потоа нека ги мијат 20 секунди со сапун и вода и ќе забележат како светките ќе исчезнат.

  • Нека учениците анализираат текстови за да го препознаат однесувањето со висок ризик или нека препорачаат начини за да ги променат нив. На пример, наставник доаѓа во училиште со настинка. Тој кива и го покрива лицето со рака. Тој се ракува со колега. Потоа ги брише рацете со марамче и потоа оди на час да предава. Што направи наставникот што беше ризично? Што требаше тој да направи наместо ова?

  Средно Училиште 

  • Осигурете се да ги слушнете грижите на учениците и одговорете им на нивните прашања. 

  • Нагласете им на децата дека тие можат да направат многу за да се заштитат себеси и другите. На пример запознајте ги со концептот на социјално растојание ( стоење настрана од пријателите, избегнување на поголеми собири, недопирање ма луѓето доколку нема потреба за тоа итн. ) Исто така фокусирајте се на добрите здрави практики, како што се покривање на кашлањето и кивањето со помош на лакотот и миење на рацете. Видете повеќе за тоа како да го намалите ризикот од инфекција here 

  • Потсетете ги ученииците дека тие може да ги споделат практиките на здраво однесување со нивните семејства. 

  • Охрабрете ги учениците да се спротистават и да ја спречат стигмата. Дискутирајте за реакциите кои тие би можеле да ги доживуваат околу дискриминација, и објаснете им дека ова се нормални реакции во итни случаи. Охрабрете ги да ги искажат и да разговараат за своите чувства, но исто така објаснете дека стравот и стигмата ја прават тешката ситуација да биде уште потешка. Зборовите се важни и користењето на јазик кој ги поттикнува постојните стереотипи може да придонесе да луѓето преземат акции кои што се потребни за да се заштитат. Прочитајте повеќе do’s and don’ts for how to talk about the coronavirus with children.

  • Изградете агенција на учениците во кои тие ќе ги промовираат фактите за јавното здравје. 

  • Вклучете релевантно здравствено образование во сите предмети. Науката може да ја покрие студијата за вируси пренесување на болести и важноста на вакцинирањето. Социјалните студии може да се фокусираат на историјата на пандемијата и политиките за јавно здравје и безбедност. 

  • Нека студентите направат свој Јавен Сервис каде ќе објавуваат свои соопштенија и постери.

  • Лекциите за медиумска писменост може да ги оспособат студентите да бидат критички мислители и да ги направат ефективни комуникатори и активни граѓани, што ќе ги подобри нивните способности за откривање на дезинформации.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.