Како да разговарате со вашето дете за болеста на корона вирусот 2019 (COVID-19)

Извор: UNICEF

Линк

Датум: 02/04/2020

Lexo

8 совети кои ќе ви помогнат да ги утешите и заштитите вашите деца

Во моментов, лесно е да се чувствувате презаситени од се што слушате за заболувањето од корона вирусот 2019 (COVID-19). Разбирливо е доколку и вашите деца се чувствуваат анксиозни и вознемирени исто така. На децата би можело да им биде тешко да разберат што се, гледаат на интернет или на ТВ – или слушаат од други луѓе – и тие би можеле да бидат особено ранливи и да им се побудат чувства на вознемиреност, стрес и тага. Но имањето на отворена, поддржувачка дискусија со вашите деца ќе може да им помогне за да разберат, се справат па дури и да дадат позитивен придонес за другите.

 

1. Поставувајте отворени прашања и слушајте

Започнете од тоа што ќе ги поканите вашите деца за да позборувате за ова прашање. Дознајте колку тие веќе знаат, за таа цел дозволете тие да го водат разговорот. Доколку тие се особено млади и немаат слушнато досега за оваа појава, можеби нема да биде потребно да го поставувате прашањето – само искористете ја приликата за да ги потсетите околу добрите хигиенски практики без притоа да внесувате нови стравови.

Осигурете се дека сте во безбедна средина и овозможете му на вашето дете да зборува слободно. Активности како цртање, раскажување на приказни и други,  може да  ви помогнат за да ја започнете дискусијата.

Најважно нешто, не ги минимизирајте или избегнувате нивните грижи. Осигурете се дека ќе ги прифатите нивните чувства и уверете ги дека е нормално да се чувствуваат исплашени од овие работи. Покажете им дека ги слушате со тоа што ќе им го дадете вашето целосно внимание, и осигурете се дека тие веќе разбрале дека можат да разговараат со вас и со нивните учители кога и да посакаат.

 2. Бидете искрени објаснете ја вистината на детски - пријателски начин

Децата имаат право на вистините информации за тоа што се случува во светот, но возрасните имаат одговорност да ги заштитат од стресови. Користете јазик кој е соодветен на нивната возраст, гледајте ги нивните реакции и следете го нивното ниво на вознемиреност.

Ако не можете да одговорите на нивните прашања, не погодувајте. Искористете ја можноста за да ги истражите одговорите заедно. Веб страниците на интернационалните организации како УНИЦЕФ UNICEF  и Светската Здравствена Организација World Health Organization се одлични извори на информации.Објаснете им дека некои од информациите кои се на интернет не се точни, и дека е најдобро да им се верува на експертите.

Линк кон видеото Link to video on it's hosted site.

3.  Покажете им како да се заштитат себеси и нивните пријатели

Еден од најдобрите начини за да ги заштитите од корона вирусот и други заболувања е едноставно да го поттикнете и охрабрите редовното миење на рацете. Не мора да биде страшен разговор. Пејте заедно со Виглс кликнете на линкот Sing along with The Wiggles или следете го овој танц (кликнете на линкот во продолжение)  follow this dance за да го направите учењето забавно.

Можете исто така да им покажете на децата како да покријат кашлање или кивање со нивните лакти cover a cough or a sneeze with their elbow, објаснете им дека најдобро е да не се приближуваат многу до луѓе кои ги имаат овие симптоми, и замолете ги да ви кажат ако започнат да чувствуваат треска, кашлање или имаат потешкотии при дишење.

4. Понудете уверување

Кога ние гледаме многу вознемирувачки слики на ТВ или на Интернет, може понекогаш да придонесе да се почувствуваме како кризата  да е насекаде околу нас. Децата може да не ги разликуваат сликите од екранот и сопствената лична реалност, и тие може да веруваат дека тие се во непосредна опасност. Може да им помогнете на вашите деца да се справат со стресот со тоа што ќе им овозможите да си играат и релаксираат кога е тоа возможно. Зачувајте ги редовните рутини и распореди колку што е можно повеќе, особено пред да заспијат навечер, или помогнете да создадете нови во нова средина.

Доколку има појава на вирусот во вашата област и се соочувате со ова, потсетете ги вашите деца дека најверојатно тие нема да заболат од ова заболување и нема да се заразат со вирусот,и дека мнозинството од луѓето кои се заболени од корона вирусот не се многу болни и се во добра состојба, и дека многу возрасни лица работат напорно да го зачуваат вашето семејство на безбедно.

Ако вашето дете се чувствува лошо, објаснете дека тие мора да останат дома/ или во болница бидејќи е така побезбедно за нив и за нивните пријатели. Уверете ги дека и вие сте свесни дека е тешко ( можеби страшно или дури и здодевно) повремено, но следењето на правилата ќе помогнат за сите да останат безбедни.

 5.  Проверете дали доживуваат или шират стигма  

Појавата на корона вирусот донесе со себе бројни извештаи на расна дискриминација наоколу во светот, па важно е да проверите дека вашите деца не доживуваат ниту придонесуваат кон насилство или булинг.

Објаснете им дека корона вирусот нема никаква поврзаност со тоа како некој изгледа, од каде е, на каков јазик зборува. Ако се повикувани со различни навредливи прекари и имиња или на нив било вршено насилство –булинг, тие треба да се чувствуваат слободни да раскажат за тоа на некој возрасен на кој тие веруваат.

Потсетете ги вашите деца сека секој заслужува да биде безбеден во училиште. Насилството е секогаш погрешно и секој од нас треба да го направи својот дел и да даде свој приодонес со тоа што ќе шири љубезност и поддршка кон другите.

6.  Побарајте помошници

Важно е за децата да знаат дека луѓето помагаат еден на друг со акт на љубезност и дарежливост.

Споделете приказни од здравствени работници, научници и млади луѓе -  young people помеѓу другите, кои работат на тоа да ја запрат ова појава и да ја зачуваат заедницата безбедна.Може да е голема утеха и мотив да да се знае дека сочувствителни луѓе преземаат акција.

7. Водете грижа за себеси

Вие ќе можете да им помогнете на вашите деца подобро да се справат исто така. Децата ќе бараат ваш одговор на вестите, па ќе им помогне на нив да знаат дека вие сте смирени и во контрола.

Ако сте чувствувате анксиозни и вознемирени, направете време за себеси и контактирајте друго семејство, пријатели и луѓе на кои им верувате во вашата заедница. Издвоите време за себеси за да правите нешта кои ќе ви помогнат да се релаксирате и закрепнете.

8.       Затворете ги разговорите со грижа

Важно е да се знае дека не ги оставаме децата во состојба на неволја. Како што вашиот разговор привршува, обидете се да го измерите  нивното ниво на вознемиреност гледајќи го говорот на телото, забележете го тонот на гласот и забележете го ритамот на дишењето.

Потсетете ги вашите деца дека тие може да имаат други тешки разговори со вас во било кое време. Потсетете ги дека се грижите за нив, дека ги слушате и дека сте достапни за разговор кога и да се почувствуваат загрижени.

Информации составени од Џејкоб Хант- Специјалист за комуникации на УНИЦЕФ

Превод и aдаптација: Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.