6 начини на кои родителите можат да ги поддржат нивните деца за време на појавата на корона вирусот (COVID-19)

Извор: UNICEF

Линк

Датум: 02/04/2020

Lexo

Психолог советува за тоа како да им помогнете на вашите деца да се справат со многуте емоции кои би можеле да ги доживуваат и соочуваат сега

Заболувањето Корона вирус или (COVID-19) неминовно со себеноси чувства како анксиозност- вознемиреност, стрес и неизвесност. И тие се почувствувани особено силно од децата на сите возрасти. Иако сите деца се справуваат со ваквите емоции на различни начини, ако вашето дете се соочило со затворање на училиштето, откажани настани, или одделување од пријателите, тие ќе имаат потреба да се почувствуваат сакани и поддржани сега повеќе од било кога.

Ние зборувавме со психолог експерт за адолесенти – најпродаван автор и месечен колумнист на New York Times и мајка на две деца Др. Лиса Дамур за тоа како вие може да помогнете и да создадете чувство на нормалност во вашиот дом додека управувате со “новото (привремено) нормално.”

1. Бидете смирени и проактивни

“Родителите треба да имаат смирени, проактивни разговори со нивните деца за корона вирусот (COVID-19), и важната улога која децата може да ја играат во нивното зачувавање на здравјето. Дозволете им да знаат дека е возможно да (вие или вашите деца) би можеле да почнат да чувствуваат симптоми во некој момент, кои се обично многу слични на добро познатите обични настинки или вируси, и дека тие не треба да се чувствуваат престрашени од оваа можност,” препорачува Др. Дамур. Родителите треба да ги охрабрат нивните деца да ги известат доколку не се чувствуваат добро, или ако се чувствуваат загрижени за вирусот за да родителите би биле од помош во ваков случај.

“Возрасните може да соочувствуваат со фактот дека децата се чувствуваат разбирливо и очекувано нервозни и загрижени за COVID-19. Уверете ги вашите деца дека заболувањето како последица на инфекција од COVID-19 е генерално блага, особено за децата и младите,” таа вели. Исто така е важно да се запомни дека многу од симптомите на COVID-19 може да бидат третирани ” Од тука, ние можеме да ги потсетиме дека има многу ефективни нешта кои што може да ги направиме за да за се зачуваме себеси и другите безбедни и почувствуваме подобра контрола над нашите околности: често да ги миеме нашите раце, да не ги допираме нашите лица и да се приклучиме во социјално дистанцирање.

“Друго нешто што може да направиме е всушност да им помогнеме на нив гледајќи надвор. Кажете им “Видете знам дека се чувствувате навистина вознемирено за тоа дека би можеле да се заразите со корона вирус, но дел од тоа што го бараме и ве замолуваме да го правите од овие нешта, како тоа да си ги миете рацете, да седите дома, е тоа дека ова е исто така како ние се грижиме и за членовите на нашата заедница. Ние мислиме на луѓето околу нас исто така.”

2. Држете се до рутина

“На децата им треба структура” Tочка. И што треба ние сите треба да направиме, многу брзо е да измислиме целосно нови структури за да добие секој еден од нас во текот на нашите денови.” Вели Др.Дамур. “Јас силно препорачувам да родителите се погрижат и обезбедат распоред за денот,- тоа може да вклучува играње каде детето може да го добие телефонот за да се поврзе со своите пријатели, но исто така би требало да има и време без технологија слободно време дополнително кое може да се издвои за да помогнат околу домот. Ние треба да мислиме за она што го вреднуваме и мора да изградиме структура која ќе го одразува тоа. Ќе биде големо олеснување за нашите деца да имаа чувство на предвиден ден и чувство на кога би требало да работат а кога ќе може да си играат.

Tаа предлага вклучување на вашите деца исто така. “За децата од 10 и 11 или постари, јас би побарала од детето да го создаде. Дадете им чувство за видови на работи што треба да бидат вклучени во нивниот ден, и тогаш работете со она што го создале. Кога станува збор за мали деца зависно од тоа кој ги надгледува ( сфаќам дека не секој родител е во можност да виде дома за да го направи ова) структурирајте го денот така што ќе се направат сите работи кои треба да се направени пред да се случи било што друго. Сите нивни училишни задачи и други задолженија. За некои семејства, да се направи тоа на почеток на денот ќе биде најдобро за децата. За некои други семејства можеби ќе сметаат дека ќе функционира подобро доколку го започнат денот малку подоцна после спиење и уживајќи во појадокот заедно како семејство. За родителите кои не се во можност да ги надгледуваат своите деца во текот на денот, истражете со личноста која се грижи за нив како да создаде структура која најдобро ќе работи.”

“Поддржете, очекувајте и нормализирајте дека тие се многу тажни и многу фрустрирани за загубите и промените со кои се соочуваат”

3. Нека вашето дете ги почувствува своите емоции

Со затворањето на училиштата доаѓаат и откажани училишни игри, концерти, спортски натпревари и активности за кои децата се длабоко разочарани поради нивно пропуштање, поради корона вирусот (COVID-19). Совет бр 1 на Др. Дамур е да им дозволите да бидат тажни. “ Во рамките на животот од еден адолесент овие се големи загуби. Ова е поголемо за нив одколку за нас затоа што ние го мериме против нашиот животен век и искуство. Поддржете, очекувајте и нормализирајте дека тие се многу тажни и многу фрустрирани за загубите и жалат за тоа”. Кога се сомневате емпатијата и поддршката се пат по кој треба да се оди.

4. Проверете со нив што слушаат

Постојат многу дезинформации кои кружат за коронавирусната болест (СОВИД-19). „Откријте што слуша вашето дете или што мислат дека е точно. Не е доволно само да му кажете на вашето дете точни факти, затоа што ако одбрале нешто што е неточно, ако не откриете што мислат и директно се справите со недоразбирањето, тие можат да ги комбинираат новите информации што им ги давате со стари информации што ги имаат. Откријте што веќе знае вашето дете и започнете од таму во однос на тоа да ги ставите на вистинскиот пат “.

Ако имаат прашања не можете да одговорите, наместо да погодувате, искористете го тоа како можност заедно да ги истражите одговорите. Користете веб-страници на доверливи организации како УНИЦЕФ UNICEF  и Светската здравствена организација World Health Organization  за извори на информации.

Многу деца се соочуваат со малтретирање и злоупотреба на училиште или преку Интернет околу коронавирусната болест (СОВИД-19). Важно е вашите деца да знаат дека секогаш сте таму за нив доколку искусат малтретирање. „Активирањето на случајни минувачи е најдобриот начин за решавање на какво било малтретирање“, вели д-р Дамур. „Децата што се насочени не треба да се очекуваат да се спротивстават на насилниците; наместо тоа, треба да ги охрабриме да се обратат кон пријатели или возрасни за помош и поддршка

5. Создадете добредојде на оддалеченост

Кога станува збор за обработување на тешки емоции, земете ги индициите од вашето дете и навистина размислете многу за балансирање на зборувањето и за чувствата за наоѓање и одвраќањеи дозволете им оддалеченост дистанца кога на децата им е потребно ослободување од чувството кога се многу вознемирени. Имајте семејна игра секоја вечер неколку дена или заедно гответе оброци. Др. Дамур го користи времето за вечера за да се поврзе со нејзините ќерќи. Одлучивме да имаме тим за вечера секоја вечер. Се мешаме во парови, така и што ротираме кој е задолжен да направи вечера за семејството.

Со тинејџери и нивните екрани, дадете им малку слободен пат, но не и слобода за сите. Др-Дамур советува да бидете напред со вашиот тинејџер и да им кажете дека разбирате дека имааат повеќе време во своите раце, но дека нема да биде добра идеја да имаат постојано непречен пристап до екраните или социјалните медиуми. “Запрашајте ја својата тинејџерка- како би требало да се справиме со ова? Излезете со структура и покажете ми ја структурата за која размислувате, и тогаш и јас ќе ве известам што мислам.”

6.Следете го сопственото однесување

“ Родителите се разбира се вознемирени исто така и нашите деца ќе ги преземат тие емоционални знаци од нас” објаснува Др. Дамур. “ Јас би ги замолила родителите да направат што можат за да управуваат и се справат со својата вознемиреност и да не ги споделуваат нивните стравови со своите деца. Ова би можело да содржи и емоции кои би можеле да бидат тешки во ова време особено ако ги чувствуваат овие емоции прилично интензивно.”

Децата се потпираат на нивните родители за да обезбедат чувство на сигурност и безбедност. “[Важно е да] се запомниме дека тие се патниците во ова, а ние го возиме автомобилот. Дури и ако се чувствуваме вознемирени, не смееме да дозволиме тоа да придонесе и тие така да се чувствуваат и мора да имаат чувство на безбедни патници.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.