Про-Кремлинските медиуми вршат анти ЕУ пропаганда со изјавата на Вучиќ за извозот на медицинската опрема

Извор: DFRLab

Линк

Датум: 01/05/2020

Lexo

Анализа на DRFLab

Пандемијата на коронавирусот освен промените во системот на живеење кај луѓето, отворила бројни дебати и меѓу државите, организациите и лидерите. Пред некое време претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неправедно ја обвини Европската Унија (ЕУ) за забрана на извозот на медицинска опрема за државите кои не се дел од ЕУ. Иако изјавата на Вучиќ беше неоснована, про-Кремлинските медиуми во Русија ја искористија за анти-ЕУ пропаганда.

„Како што знаете,  според одлуката на Европската Унија, од денес ние не можеме да увезуваме производи. Европската солидарност не постои. Таа е само приказна на хартија”, изјавил Вучиќ пред да побара помош од Кина и Русија.

Сепак, оваа изјава беше доволна про-Кремлинските медиуми да ја искористат истата за покренување на сомнежи за целта на Србија да стане дел од ЕУ, и да ја прикажат Русија како по верен партнер посветен да ѝ помогне на Србија.

Од друга страна, Европската Комисија преку еден нелегислативен акт делегираше овластување за извоз на маски во државите што не се дел од ЕУ a извозот на маски во третите држави никогаш не беше забранет на ниво на ЕУ. Напротив, мерката беше усвоена за да ѝм се даде слобода на земјите членки да имаат „индивидуални пристапи кои влијаат врз трговијата со таквата опрема во внатрешноста на единствениот пазар, како и во третите земји”. Претседателката на Комисијата, Урсула вон дер Лејен, изјавила дека медицинската опрема може да се извезува во земјите што не се членки на ЕУ со дозволи од соодветните влади на земјите членки на ЕУ. За продажба на медицинската опрема во државите што не се членки, ЕУ усвоила еден систем на дозволи; Србија можела да достави барање во системот, преку кое би можела да добие медицинска опрема по даденото овластување.

Србија е кандидат за членство во ЕУ, но има силни врски со Русија, што негативно се одразува на нејзиното членство во Евро-атлантските институции. Нормално, на про-Кремлинските медиуми не им бега ниеден детаљ, и вирусот корона од Русија се виде како можност да напредува во нејзините интереси. На 3-ти Април Москва однесе здравствен кадар и опрема во Србија за да ѝ помогне на земјата во борбата против пандемијата.

Про-Кремлинските медиуми ја сакаат Србија далеку од Европската Унија

Искористувајќи ја изјавата на претседателот Вучиќ, про-Кремлинските медиуми рекоа дека забраната на извозот на маски е неуспех на ЕУ да покаже солидарност кон Србија. Еден  напис објавен од Риа Новости тврди дека Србија побарала помош за медицинска опрема од Брисел, но Брисел одбил да ѝ помогне. Затоа Србија била приморана да побара помош од Кина и Русија, кои потоа доставиле медицинска опрема во Србија.

Друг напис од Независимаја Газета шпекулира дека по завршување на кризата со корона вирусот, српската влада ќе направи „мудар избор” ако го одбие членството во ЕУ.

Авторот на написот, Елена Пономарева сугерира дека судбината на европската Србија стана неизвесна веднаш по соочувањето на Европа со непознатиот непријател Ковид – 19.

Други про-Кремлински медиуми истотака го повторија лажниот став според кој Европската Унија го забранила извозот на медицинска опрема за државите надвор од ЕУ. Претставувајќи се себеси како верен и одговорен во однос на кризата со Ковид -19, Кремлин се труди да ја разниша довербата во ЕУ користејќи навредлив говор со лажни факти.  

ЕУ е најголемиот донатор на Србија од 2000-та година

На крај на месец март 2020-та година, Европската Унија и дозволи на Србија да пренамени 94 милиони долари од Инструментот за пред пристапна помош (ИПА) кон проекти што го поддржуваат системот на здравствената заштита во земјата за време на пандемијата. Од оваа сума Србија ќе  потроши 15 милиони евра за медицинска опрема и 79 милиони евра за економска обнова. На 20-ти март, неколку дена пред Русија да достави хуманитарна помош, ЕУ обезбеди итна финансиска помош за Србија во вредност од 7.5 милиони евра.

Како што изјавиле и од делегацијата на ЕУ во Србија, ЕУ и понудила на Србија 200 милиони евра грантови и 250 милиони евра кредити во текот на последните 20 години за зајакнување на здравствениот систем. Освен тоа, ЕУ го активирала механизмот на цивилната заштита за Србија, дозволувајќи на овој начин државата почесто да побара помош од страна на земјите членки на Европската Унија.  

Сепак, анкетите покажуваат дека србите немаат јасна идеа околу тоа кои се примарните извори на државата. Во 2019-та година, само 26% од србите знаеле дека ЕУ е најголемиот донатор на државата од 2000-та година; 23% погрешно веруваат дека најголемиот донатор е Русија, додека пак 20% веруваат дека тоа е Кина.

Прилагоди за MythBuster: Rita Behadini

Цела анализа: DFRLab

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.