Пекинг ja заостри контролата врз истражувањата за корона вирусот, за време на спорот меѓу САД и Кина околу потекло на вирусот

Извор: CNN

Линк

Датум: 13/04/2020

Lexo

Од  Nectar Gan, Caitlin Hu и  Ivan Watson, CNN

12 Април 2020

Хонг Конг (CNN) - Кина воведе ограничувања за објавување на академски истражувања за потеклото на корона вирусот, според директивите на централната власт и известувањата на Интернет објавени од два Кинески универзитети, кои од тогаш се отстранети од мрежата.

Според новата политика, сите академски трудови за Ковид-19 ќе бидат предмет на дополнителни  проверки пред да бидат испратени за објавување. Студиите за потеклото на вирусот ќе добијат дополнителен преглед и ќе мора да бидат одобрени од страна на претставници на централната власт, според сега избришаните објави.

Медицински експерт во Хонг Конг кој соработувал со истражувачи за објавување на клиничка анализа на случаи на Ковид-19 во меѓународно медицинско списание, истакна дека неговата работа не била подложена на вакви проверки во Февруари.

Зголемените проверки и контроли се чини дека се последниот напор од Кинеската влада да го контролира наративот за потеклото на пандемијата од корона вирусот, која е однесе повеќе од 100,000 животи а заболи 1.7 милиони луѓе во светот  одкако за прв пат избувна во Кинескиот град Вухан во Декември.

Од крајот на Јануари, кинеските истражувачи објавија серија студии за Covid-19 во влијателни меѓународни медицински списанија. Некои наоди за рани случаи на корона вирус - како на пр., Кога за прв пат се појави транзиција од човек на човек - покренаа прашања во врска со официјалниот профил на владата за оваа појава и предизвикаа контроверзии на Кинеските социјални медиуми

А сега, Кинеските власти изгледа ги заоструваат и мерките за објавување на истражувањето на Ковид- 19.

Кинески истражувач кој зборуваше под услов на анонимност поради страв од одмазда, рече дека овој потег претставува загрижувачки развој на настаните, затоа што најверојатно ќе ги попречи важните научни истражувања.

„Мислам дека тоа е координиран напор од страна на Кинеската влада да го контролира наративот и да го обои како да епидемијата не потекнува од Кина“, изјави истражувачот за CNN. „И не мислам дека тие навистина ќе толерираат каква било објективна студија за да се истражи потеклото на оваа болест“.

CNN го контактираше Министерството за надворешни работи на Кина за коментар.

Кинескиот претседател Xi Jinping изврши увид во научните истражувања на корона вирусот за време на неговата посета на Академијата за Воени Медицински Науки во Пекинг на 2 Март.

Зголемени проверки

Според директивата издадена од Министерството за образование и наука, и одделот на технологија „академските трудови за пронаоѓање на потеклото на вирусот мора строго и цврсто да бидат менаџирани“.

Директивата постави слоеви на одобрување за овие трудови, започнувајќи од академските комитети на универзитетите. Потоа, од нив се бара да бидат испратени до одделот за наука и технологија на Министерството за образование, кој потоа ги доставува документите до работна група под Државниот совет за проверка. Само откако универзитетите ќе слушнат повратен одговор од работната група, трудовите може да се достават до списанија.

Другите трудови за Ковид-19 ќе бидат проверени од академските комитети на универзитетите, засновани врз услови како што е „академската вредност“ на студијата и дали е „правилното време за објавување“.

Директивата е заснована врз база на инструкциите издадени за време на состанокот на 25 март оддржан од работната група на Државниот совет за превенција и контрола на Ковид-19, се вели во извештајот.

Документот прв пат беше објавен во Петок наутро на веб страната  на Универзитет Фудан во Шангај, еден од водечките универзитети во Кина.

Кога CNN  обави телефонски повик преку контакт бројот кој се наоѓаше на крајот на известувањето, еден вработен во одделот за наука и технологија на Министерството за образование потврди дека ја издале директивата.

„Не би требало да биде објавен - тоа е внатрешен документ“, рече лицето, кое одби да го открие своето име.

Неколку часа подоцна, страницата на Универзитетот „Фудан“ беше симната.

Кинески Универзитет за Геонаука во Вухан исто така објави слично известување за дополнителни проверки на трудовите за Ковид-19 на нивната веб страница. Страницата од тогаш е избришана, но зачуваната верзија   останува достапна.

Кинескиот истражувач, кој зборуваше за CNN, кажа дека известувањето е издадено пред неколку дена, додавајќи дека само истражувањето за Ковид-19  било предмет на дополнителни проверки.

Дејвид Хуи Шу-Чонг, експерт за респираторна медицина на Кинескиот Универзитет во Хонг Конг, изјави дека не се соочил со дополнително проверување кога тој и тим од кинески истражувачи објавиле  клиничка анализа на случаи на Ковид-19 во “New England Journal of Medicine” во Февруари.

„Процесот беше навистина едноставен тогаш“, рече тој за CNN преку телефон.

Хуи рече дека тој сè уште го ревидира нацрт-документот до 3 часот наутро, на денот кога требаше да се достави, а трудот беше испратен до НЕЈМ до пладне.

„Воопшто немаше никакво ограничување“, рече тој.

„Не знам дали е тоа затоа што некои истражувачи објавија нешто што дома се смета за чувствително во Кина. Не сум сигурен дали е тоа заради полемиките и контраверзиите за потеклото на вирусот подоцна, и несензитивните нешта стануваат сензитивни исто така.

Лабораториските техничари тестираат примероци на корона вирус во лабораторија во Хенгјанг во кинеската централна провинција Хенан.

Потекло на вирусот

Кон крајот на Декември, Вухан ги пријави и првите случаи на корона вирус, поврзани со властите и упатија кон пазарот на морска храна во градот. Научниците во Кина и Западот соопштија дека најверојатно вирусот потекнува од лилјаци и -преминал кај луѓето од среден домаќин - исто како и неговиот братучед што ја предизвика епидемијата на САРС во 2002 и 2003 година.

Сепак, дел од Кинеските социјални медиуми, па дури и владата на земјата, се чини, започнаа усогласена кампања за да го доведат во прашање потеклото на вирусот.

Кинеските власти и државните медиуми во повеќе пати повторуваа дека нема заклучок за точното потекло на вирусот. Минатиот месец, Zhao Lijian  портпарол на Министерство за надворешни работи во Кина , промовираше заговор на Твитер дека вирусот потекнува од САД и е донесен во Кина од страна на Американската војска.

Јанжонг Хуанг виш научен соработник за глобално здравје во Советот за Надворешни работи со седиште во Вашингтон, истакна дека потеклото на корона вирусот стана политички чувствителна тема во Кина.

„Не е изненадување што Владата се обидува да ги контролира поврзаните научни истражувања на таа тема, со тоа што наодите нема да го оспоруваат нејзиниот наратив за потеклото на вирусот и реакцијата на владата за кризата“, рече професорот Хуанг за CNN

 „Опасноста е тоа дека, кога научното истражување е предмет на потребите на оние што се на власт, тој дополнително го поткопува и кредибилитетот на владиниот наратив, правејќи ги уште поубедливи обвинувањата за недоволно известување и дезинформација“.

Во Кина, истражувачките трудови за корона вирусот веќе се подложени на слоеви на проверка, откако ќе бидат доставени до Кинески академски списанија, тврди уредник во Кинески медицински журнал.

Ванг Лан , уредничката и директорка на Кинескиот Журнал за Епидемиологија, рече дека сите трудови на Ковид-19 треба да поминат низ процес на одобрување за „главни теми“, откако ќе бидат доставени во нејзиното списание.

„Отсекогаш било случај“, рече таа за CNN “ Тие треба да бидат одобрени од три нивоа на организации. Тоа е долг процес“.

Кинески истражувач кој побара да остане анонимен рече дека според новите ограничувања, сепак, истражувањето на корона вирус, кое било во спротивност со официјалниот наратив, би можело да биде потиснето од Пекинг.

„Мислам дека важноста е меѓународната научна заедница да сфати дека секое списание или ракописи од Кинеската истражувачка институција има вид на двојна проверка од страна на владата“, рече истражувачот. „За нив е важно да знаат дека има дополнителни чекори помеѓу независните научни истражувања и конечното објавување“.

За известувањата на CNN придонесоа Steven Jiang и Alexandra Lin

 

Превод и адаптација: Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.