Како косовските фејсбук страни ги мамат Американците?

Извор: Snopes

Линк

Датум: 27/04/2020

Lexo

Често, и не само поради финансиски причини, фејсбук страни администрирани од косовски државјани употребиле разни неавтентични содржини, и одвреме навреме и провокативни, за да „фатат во стапица“ американци за истите да станат дел од овие нивни страни, или незаконски наградни игри. Според истражувањето спроведено од Snopes, жители и иселеници од Косово отвориле страна на Фејсбук и споделиле про-полициски и про-армиски содржини, како и носталгични мемиња и незаконски подароци.  Според Snope, овие страни датираат уште од 2014-та година и до сега успеале да придобијат 2 милиони следбеници, голем дел од нив американци.

На почетокот на 2020-та година фејсбук страни администрирани од косовски државјани го употребиле стравот од вирусот Covid 19 за да развијат незаконски наградни игри. Тие нуделе „бесплатни прехрамбени производи“, па дури и „бесплатни куќи“. Други пак, кои употребиле про-полициски содржини, употребиле лични податоци на жител на Мисисипи, без негова дозвола,  за да креираат фејбук профил со чија помош би го направиле поверодостоен изворот на објавите во одредени интернет страници.

Наградни игри за финансиски придобивки

За да ја зголемат посетеноста на нивната страница, една мрежа на администратори од Косово, кои администрирале страна со над 600.000 следбеници, објавиле наградни игри на кои граѓаните можеле да добијат бесплатни прехрамбени производи или пак бесплатни куќи со пишување во коментар „Me” и со споделување на наградната игра на нивниот фејсбук профил. Ваква пракса во последно време се среќава често по социјалните мрежи, и има за цел да го зголеми бројот на следбениците.

Ваквите наградни игри повторно почнаа да кружат, особено за време на пандемијата со Корона вирусот, и пак се нудеа бесплатни прехрамбени производи и куќи. За два дена, страната „The Power of Prayer”, која беше изворната страна што ја сподели наградната игра, придоби 70.000 следбеници, иако објавата за наградната игра беше избришана по само кратко време. Според истражувањето на Snope, во оваа наградна игра биле вклучени 51 фејсбук страна. Според ова, можеме да дојдеме до заклучок дека овие страни се контролираат од една поголема мрежа на администратори за финансиски придобивки.

На овие страни не е објавен ниту еден добитник, секогаш имало образложение дека добитникот бил помлад од 18 години или пак не се јавил навреме за да ја подигне наградата. Во случај кога е објавен добитникот, тоа било направено со лажна форографија и со лажен профил. Но, на кој начин остваруваат придобивка администраторите на овие страни?

Кога некој ќе коментирал со „Me”, автоматски добивал линк „преку кој ќе можел да ја подигне наградата“. При отварање на страната од линкот, од него се барало да се регистрира со доставување на неговите лични податоци, а покасно и податоците за неговата кредитна картичка. Страната која се отварала е една страна за филмови со наслов „Majerstars.com”регистрирана во Кипар. Иако се ветувала бесплатна регистрација, на страната не се нуделе филмови туку истата упатувала на еден друг линк на кој можело да се најдат игри за кои се бара инсталирање на одреден систем без кој не можело да се изврши регистрацијата. По неколку дена, страната „Majerstars.com”, наплатувала  $34.95 долари месечно.

Овие страни добиваат и одреден процент од самото препраќање на следбениците од една страна во друга. Бидејќи овие наградни игри ги прекршиле правилата на употреба на Фејсбук, како што се „измамнички бизнис пракси”, „пари и лични податоци”, по пријавата од страна на Snope голем дел од нив се затворени од Фејсбук.

Лажни идентитети и лични придобивки

Друг начин на придобивка кој го употребиле косовските администратори се страните со про-полициски и про-армиски содржини. Според истражувањето на  Snope, од вкупно три администратори на страната „Support Law Enforcement”, двајца се косовари кои живеат во Германија, Адем Потоку и Иги Потоку, додека третиот е лажен профил создаден со реални лични податоци на Jacob Smith. Snope контактирал со лицето чија слика е употребена за овој профил, и чие вистинско име е James Foster. Тој немал сознанија дека неговите лични податоци се употребуваат за еден таков профил.

Креирањето на лажните профили со лични податоци на реални луѓе е практика која има за цел да ги направи поверодостојни страните администрирани од Потокци. Според истражувањето на Snope тие се распространети низ цела Европа и нивните „измами“ ги практикуваат преку ваквите страни од разни земји во Европа. Кадир Потоку е уште едно од имињата за кои Snope потврдил дека е вклучен и дека има поврзаност со Адем Потоку и Иги Потоку, бидејќи ги „лајкнале“ еден на друг сликите на Фејсбук. 

Друга личност која е поврзана со Адем Потоку и Иги Потоку е Ибра Перветица, кој иако објавува сорджини кои се однесуваат на Америка, никогаш не заминал од Косово. За Snope раскажува дека ова го прави за лични придобивки, на тој начин што страните кои ги администрира тој водат кон една друга страна на која продава блузи, панталони со про-полициски натписи. Перветица вели дека поради големата невработеност во Косово голем дел од луѓето отвараат Фејсбук страни, наоѓаат начини да придобијат голем број на следбеници и потоа истите ги продаваат. Самиот тој продал страна со 52.000 следбеници и 26.000 следбеници за по 200 долари.

Американците им поверувале на косоварите

Коментарите на американците сведочат дека тие паднале во „замката“ на страните администрирани од косовари. „Се грижам сама за моите внуци, мојот сопруг почина пред една година, и морам да направам сé сама...имам голема потреба за ова“, напишала една жена. Еден друг невработен маж  по една несреќа напишал дека е вчудоневиден од широкоградоста и алтруизмот на лицата кои подаруваат една куќа.

Некои од страните се затворени од страна на Фејсбук затоа што ги прекршиле правилата на истиот, а други се затворени за време на истражувањето извршено од Snope. Што се однесува до наградните игри, оваа администраторска мрежа финансиски ги загрозила американците кои поверувале на барањето да ги поднесат нивните податоци на платежните картички за да можат да ја подигнат својата награда.

Прилагоди за MythBuster: Рита Бехадини

Кликнете тука за целото истражување

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.