Заблудувачко

Мистерија се случува вечерва над македонското небо- ако го забележавте ова, тоа е тоа што ги загрижи сите (ФОТО)

cover image

Myth Buster: ShefkijeAlasani

Post Link

Date: 17/04/2020

Lexo

Мит

Веста дека мистериозни работи се случуваат над македонското небото избувна на социјалните мрежи, каде се споделија низа фотографии пропратени со пораки кои шират паника и збунетост. Според овие објави, веста „Мистерија се случува вечерва над македонското небо- ако го забележавте ова, тоа е тоа што ги загрижи сите (ФОТО)“, беше објавена, исто така, и на интернет порталите! Во статијата, меѓу другото, се нагласува дека невообичаениот настан се случил околу 21:00 часот на 16 април и дека 30 точки во форма на низа стоеле едни до други. Само неколку часа по објавувањето на оваа вест на еден портал, регистрирани се над 1400 интеракции на Фејсбук и во моментов има над 360 споделувања.

Заблудувачко

Демистификација

Веста со фотографијата која кружи е заблудувачка! Користената фотографија е од сателитите „СтарЛинк“ на компанијата SpaceX на иноваторот Илон Маск, кои имаат за цел да дистрибуираат Интернет низ целиот свет, вклучително и на места каде што тоа не било возможно поради инфраструктурата. Во моментов на нашата орбита циркулираат над 180 такви а до крај на 2025 година компанијата планира 12,000 сателити СтарЛинк да циркулираат околу орбитата.

Меѓутоа, има голема можност да граѓаните виделе и “ѕвезди кои паѓаат„ од небото, повеќе од вообичаено. Ако сте виделе такво нешто, тогаш според Американската вселенска агенција (НАСА) тоа се само фрагменти од кометата АТЛАС која експлодирала пред неколку дена и веќе неколку дена гори во атмосферата на земјата. Истите ќе може да се видат и во наредните денови!

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.