Лажно

Коронавирусот може да се уништи ако често пиете вода

cover image

Myth Buster: Shefkije Alasani

Post Link

Date: 18/04/2020

Мит

Со зголемување на бројот на заразени со ХОВИД 19 ширум светот, се зголеми и бројот на рецепти на домашни лекови за кои се вели дека го неутрализираат вирусот. На социјалните мрежи стана вирална пораката која не патува што треба да направиме за да го уништиме коронавирусот од нашето тело. Пораката се споделува на приватните интернет разговори и посочува дека вирусот може да се уништи преку пиење многу вода. Меѓу другите тврдења на пораката се:

1. Пред да стигне до белите дробови, коронавирусот останува четири дена во грлото

 2. Ако пиете многу вода, вирусот се чисти, или

 3. Ако ја миеме устата со гаргара со топла вода со сол или оцет, вирусот се уништува пред да стигне до белите дробови       

Фотографијата која кружи има блиску 5000 споделувања само на Фејсбук страницата на think.mk

Лажно

Демистификација

Ниту една студија досега не докажала дека коронавирусот може да се излечи преку пиење вода. Миењето уста гаргара со солена вода може да смири болка на грлото, на луѓето им се советува да пијат вода за да останат хидрирани кога се болни со грип или КОВИД 19.

1. Периодот на инкубација кај заразените лица со КОВИД 19, причинет од новиот коронавирус, се смета дека е од 1 до 14 дена. Според Светската здравствена организација, најчесто симптомите се појавуваат после петтиот ден. Не е пронајдена никаква научна документација која докажува дека вирусот останува во грлото четири дена и дека може ефикасно да се елиминира пред да стигне во белите дробови. (Snopes)

2. Пиењето вода помага да телото се одржи хидрирано. Од СЗО нагласија дека нема докази кои потврдуваат дека пиењето колку што е можно повеќе вода спречува заразување со КОВИД 19. Значи, тврдењето дека лицата со КОВИД 19 можат да оздрават со пиење вода (било во првата фаза или во која било фаза на заразата) е неточно.

3. Плакнењето на носот со топла вода измешана со сол или оцет не го спречува заразувањето со КОВИД 19. Солената вода помага во смирување на болки во грлото, но не е медицински совет за оние кои се погодени од новиот коронавирус. И од СЗО потврдија дека употребата на овој метод не помага да се спречи зараза со КОВИД 19.

Имено,  лажните тврдења дека еден таков метод помага при спречување на зараза со новиот коронавирус кружеа од времето кога вирусот се прошири во Кина. Таквите тврдења првично станаа вирални на англиски јазик а потоа и на други јазици.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.