Лажно
Некои од теориите на заговор и лажните вести шпекулираат дека коронавирусот бил измислен во лабораторија и истиот служи како биолошко оружје на хибридни војни меѓу суперсилите. На објавената статија на весникот Nezavisne од Бања Лука, Република Српска, БиХ, а преведен и прилагоден од локалните портали, се тврди дека коронавирусот е измислен и патентиран во Велика Британија и се шири од британската разузнавачка служба МИ-6, во Вухан, Кина, повикувајќи се на анализата на рускиот професор Игор Панарин. Статијата тврди дека:
1. Во декември 2019 година, британските инфилтрирани агенти започнале био-терористичка акција во Вухан. Групата на агенти МИ-6 слетала во Вухан на 16 јануари 2020 година, со летот ЦЗ 647 на релација Лондон-Вухан и се вратила вечерта на 20 јануари 2020 год.
2. Според други извори, вирусот е откриен и патентиран во Велика Британија со број на патент EP3172319B1 од Ерика Бикертон.
3. Вирусот е вакцина која е специјално развиена за бронхитис кај кокошки со инфективен вирус на бронхитис (IBV).
Лажно
Статијата е измислица полна со логички празнини, научни противречности и е потполно лажна. Според горенаведените тврдења, спротивставените факти се следниве:
1. Тврдењето е нелогично. Ако британските агенти ја започнале био-терористичката акција во декември 2019 година, како е можно да тие патувале за Вухан во јануари 2020 година? Машина за патување низ времето? Магија? Телепортација? :)
2. Патентот на кој се однесува статијата е за патентирана вакцина во 2014 година и се однесува на дел вируси од истата фамилија од каде потекнува и Ковид -19. Од фамилијата на коронавируси потекнува и САРС КоВид кој изби во 2003 година и вирусот МЕРС КоВид кој изби во 2012 година. Што значи дека постоечките вакцини не се делотворни за новиот КоВид-19 вирус и дека превентивна вакцина за овој вирус уште не постои.
3. Според Истражувачкиот Институт Скрипс, на објавениот извештај во списанието Нејчр Медисин, коронавирусот КоВид-19 е продукт на природна еволуција и не е создаден од човекот.
Заменуваме митови со факти!
10/04/2020
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.