Лажно

Јапонски нобеловец тврди: Ковид-19 е направен во лабараторија во Кина

cover image

Myth Buster: MythBuster

Post Link

Date: 02/05/2020

Lexo

Една објавена вест со наслов „Јапонски нобеловец тврди: Ковид-19 е направен во лабараторија во Кина’’ тврди дека добитникот на нобеловата награда Тасуку Хоњо изјавил за медиумите дека вирусот корона не е природен вирус и дека Кина самата го произвела. Во написот исто така се тврди дека јапонскиот нобеловец работел 4 години во лабораторијата во Вухан.

Лажно

Демистификација

Веста е лажна. На 27 април 2020 година, професорот Тасуку и  Универзитетот во Кјото објавиле официјална изјава во која тој тврди дека „е крајно разочаран што неговото име и името на Универзитетот во Кјото е злоупотребено за ширење на лажни вести и дезинформации“.

Исто така,  во официјалната биографија на Професорот Хоњо никаде не пишува дека тој работел во лабораторијата во Вухан, така што и ова тврдење е лажно.

Веста е преведена и објавена на многу јазици, меѓу нив и на македонски и албански јазик.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.