Температурата на водата не игра улога во исчезнување на вируси од рацете

Извор: Rita Behadini

Линк

Датум: 10/04/2020

Lexo

Коронавирусот најчесто се шири преку капките од плунката кои влегуваат во организмот преку носот, очите или устата. Според препораките на Светската здравствена организација еден од најлесните начини за спречување на ширење на овој вирус, е честото миење на рацете со сапун. Во последно време, на социјалните мрежи кружи прашањето дали повеќе помага миењето на рацете со топла вода при “уништување„ на вирусот од рацете?

Одговорот е: не.  Според едно соопштение објавено од УНИЦЕФ, температурата на водата не игра улога во уништувањето на вирусите.

“Може да користите вода на која било температура за да ги миете рацете. И студената и топлата вода се исто делотворни при уништувањето на микроби и вируси, се додека користите сапун!„, се вели во соопштението.

Д-р Доналд Шафнер, истражувач за микроби и миењето на рацете на Универзитетот Рутгерс, во неодамна објавено истражување, вели дека ако се двоумите дали треба да ги миете рацете со топла или ладна вода, треба да знаете дека температурата не е важна

“Луѓето треба да се чувствуваат удобно во текот на миењето на рацете, a што се однесува до ефикасноста, оваа студија покажува дека температурата на водата нема влијание на конечниот резултат„, вели Шафнер

Доволно е да користите сапун при миењето.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.