Ремдесивир: Лек кој има "јасна моќ” во борбата против корона вирусот

Извор: BBC

Линк

Датум: 30/04/2020

Lexo

Постојат „јасни докази” дека лекот може да им помогне на луѓето да се опорават од корона вирусот, велат Американски официјални лица.

Од Џејмс Галагер - дописник за здравство и наука

Ремдесивир го намали времетраењето на симптомите од 15 дена на 11 во клиничкото испитување во болниците ширум светот.

Целосните детали не се објавени, но експертите велат дека тоа би било “фантастичен резултат“ доколку тие се потврдат, но нема да бидат “магичен куршум“ за болеста.

Лекот би имал потенцијал да спаси животи, да го намали притисокот врз болниците и да овозможи дел од изолациите да бидат намалени.

Ремдесивир првично беше развиен како третман против Ебола. Тој е антивирусен и делува со тоа што го напаѓања ензимот на кој му е потребен вирус за да се реплицира во нашите клетки.

Испитувањата се водени од страна на Американскиот Национален Институт за Алергија и Заразни болести (НИАИД) и во нив учествуваа 1.063 лица. На некои од пациентите им бил даден лекот, додека други добиле плацебо третман (медицински феномен каде резултатите на медицинскиот третман се предизвикани од идеите на пациентот за тоа колку е ефективно лекувањето).

Д-р Ентони Фаучи кој раководи со НИАИД рече: “Податоците покажуваат дека ремдесивирот има јасен, значаен и позитивен ефект и го намалува времето за закрепнување“.

Тој истакна дека резултатите покажуваат дека “лекот може да го блокира овој вирус“ и  тој “ја отвора вратата за фактот дека сега имаме можност за лекување на пациенти”.

Влијанието врз смртните случаи не е сосема јасна. Стапката на морталитет беше 8% кај лица на кои им бил даден ремдесивир и 11,6% кај оние со плацебо, но овој резултат не беше статистички значаен, што значи дека научниците не можат да кажат дали разликата е реална.

Исто така не е јасно кој има корист. Дали им дозволува на луѓето кои и онака би оздравеле да закрепнат побрзо ? Или ја превенира потреба од третман на интензивна нега на луѓето? Дали лекот делува подобро кај помладите или кај постарите луѓе? Или кај оние со или без други заболувања? Дали пациентите треба да се лекуваат порано, за кога се предивидува дека вирусот во одреден момент ќе направи експанзија во телото?

Овие ќе бидат важни прашања кога на крајот би биле евентуално објавени и целосните детали, бидејќи лекот би можел да има двојна корист во спасување на животи, а исто така и да помогне во намалување на карантинот.

Професорот Махеш Пармар, директорот на одделот за Клинички испитувања на МРЦ при УКЛ, кој го надгледува истражувањето во ЕУ, рече:

“Пред оваа дрога да може да биде достапна пошироко, треба да се преземат одредени чекори: регулаторите треба да ги разгледаат податоците и резултатите за да проценат дали лекот може да се лиценцира и потоа им треба проценка од соодветните здравствени власти во различни земји.

“Додека ова се одвива, ќе добиеме повеќе и подолгорочни податоци од ова испитување и многу други за тоа дали лекот исто така спречува и смртни случаи од Ковид-19.

Ако некој лек може да помогне, а со тоа да спречи да луѓето престанат да имаат потреба од интензивна нега, ризикот од преполнување и преоптоварување на болниците ќе биде помал и ќе има помала потреба од социјално растојание.

Професорот Питер Хорби, од Универзитетот во Оксфорд, го води најголемото истражување во светот за лековите на Ковид-19. Тој рече: “Треба да ги видиме целосните резултати, но доколку се потврди ова ќе биде фантастичен резултат и одлична вест за борбата против Ковид-19”.

“Следните чекори се во насока да се извлечат целосните податоци и да се работи на правичен пристап до ремедесивир“.

Податоците на САД за ремдесивир излегоа во исто време со испитувањето на истиот лек во Кина, објавено во медицинскиот журнал Лансет, покажаа дека тој е неефикасен. Сепак, тоа истражување беше нецелосно бидејќи успехот на карантинот во Вухан се должеше на тоа дека лекарите снемале пациенти.

“Овие податоци ветуваат, а со оглед на тоа дека сè уште немаме докажано лекување за Ковид, тоа може да доведе до брзо одобрување на ремдесивир за третман на Ковид “, истакна Професор Бабак Јавид консултатнт за заразни болести на Универзитетската болница во Кембриџ.

„Сепак, тоа исто така покажува дека ремдесивир не е магичен куршум во оваа смисла: целокупната придобивка во преживувањето беше 30%“.

Другите лекови што се испитуваат за Ковид-19 ги вклучуваат оние за маларија и ХИВ кои можат да го нападнат вирусот, како и соединенија што можат да го смират имунолошкиот систем.

 

Иако е антивирусен може да биде поефикасен во раните фази, а лековите за имунитет подоцна да бидат применети кај оваа болест.

Превод и Адаптација: Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.