Ширење лажни вести и дезинформации е еден од најсериозните предизвици на современите општества. Масивниот пристап и употреба на комуникациска технологија, особено преку онлајн социјалните мрежи, им овозможи на штетните актери да го искористат овој факт за да ги унапредат своите агенди. Покрај нив, стотици организации и медиуми од секој агол на светот се залагаат за откривање и изложување на лажни вести преку проверка на фактите.
Борбата против лажните вести може да се победи само ако имаме граѓани кои критички ги консумираат вестите и на кои им се дадени соодветни информации. Паралелно со избувнувањето на пандемијата се ширеше и инфодемија на огромна количина на информации, повеќето од нив непроверени и лажни. Ние ви предлагаме да бидете информирани од релевантни институции и лица и да добивате информации главно од веродостојни и професионални медиуми.
За да се спротивставиме на инфодемијата, ние споделуваме со вас 3 бази на податоци кои вклучуваат работа на стотици организации за изложување на лажни вести Covid-19. Сè што треба да направите е да го внесете клучниот збор поврзан со веста.
1. The CoronaVirusFacts/DatosCoronaVirus Alliance Database - Оваа база на податоци собира заедно проверувачи на факти во повеќе од 70 земји и вклучува статии објавени на најмалку 40 јазици.
2. Google Fact Check Explorer – е база на податоци создадена од Google.
3. Fist Draft Database – е база на податоци што вклучува проверени информации и новости во повеќе од 20 јазици поврзани со Ковид-19.
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.