Се краде идентитетот на проверувач на факти за да се дезинформира во врска со НАТО и КОВИД 19

Извор: DFRLab

Линк

Датум: 02/05/2020

Lexo

За ширење лажни информации за повлекување на трупите на НАТО од Литванија се користат фалсификувани писма и ликови основани на вистински новинари.

Авторите на кампањата за дезинформација за повлекувањето на трупите на НАТО од Литванија поради ширењето на КОВИД 19 се преправаа како Вилиус Петкаускас, познат литвански новинар и проверувач на факти на медиумската платформа 15min.lt. Овој случај е уште еден пример како се користи пандемијата КОВИД 19 за создавање анти-НАТО мислење на балтичките земји. Медиумските платформи вклучени во оваа кампања порано користеле анонимни Интернет лица, како што соопштуваше ДФРЛаб во 2019 година. Последниов случај покажува поголема посветеност за постигнување на веродостојност, бидејќи за ширење на фалсификувани информации биле искористени идентитетот и кредибилитетот на вистинска личност. Случајот исто така демонстрира нов пристап на актерите на дезинформирање за психолошки да влијаат врз проверувачите на факти.

На почетокот на 2017 година, НАТО го зголеми своето присуство во Балтичките држави и Полска, во екот на руската агресија во источна Украина. Во регионот се многу чести наративите од типот „НАТО е агресивно“ и „Не се добредојдени“ а се насочени кон руското говорно население во балтичките држави.

Фалсификуваното писмо

Од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, беше испратено фалсификувано писмо до литванските медиуми, седиштето на НАТО во Брисел и другите владини институции од лажна електронска пошта на литванското Министерство за одбрана. Писмото тврдеше дека НАТО ќе ги повлече своите трупи од Литванија поради пандемијата КОВИД 19. Писмото е напишано со многу правописни грешки и има совршена копија од потписот на Столтенберг, кој е достапен на Интернет.

Министерството за одбрана на Литванија веднаш го оспори фалсификувањето, што веќе беше објавено на некои медиуми на англиски јазик и ЈуТјуб.

Имитирање на вистински новинар

Авторите на статијата кои го споделија фалсификуваното писмо се преправаа дека се познатиот и почитуван литвански новинар Вилиус Петкаускас. Интернет страниците (OpEd News и The Duran) кои веднаш ја објавија лажната статија се познати како страници кои и порано споделувале анти-НАТО текстови користејќи изјави на анонимни лица со литвански и латвиски имиња. Овие две страници скоро објавија статија каде се велеше дека: “Воената вежба на НАТО, Defender Europe 20  предводена од САД,  ќе водеше до ширење на КОВИД 19 во балтичките држави.

Идентитетот на Петкаускас беше искористен исто така и за креирање на блог со доменот viliuspetkauskas.blogspot.com, како и канал на ЈуТјуб кој веќе не постои. Двете интернет страници беа именувани како “Lietuva Mano Tevyne“, кое преведено од литвански значи: “Литванија Моја Татковина“, и беа меѓу првите што ја споделија статијата под наслов “НАТО ги повлекува трупите од Литванија“. Описот на блогот и користеното логото за ЈуТјуб сметката беа извлечени од профилот на Петкаускас на 15min.lt.

Покрај лажната сторија за НАТО, блогот содржеше осум други објавувања, сите претходно објавени од Петкаускас на 15минута.lt.

Поранешни напади врз новинарот

Авторите на лажните статии, кои новинарот Петкаускас претходно ги демистифицирал, го обвинија дека е лажливец. На 3 август 2019 година, интернет-страницата Bukimevieningi.lt, со седиште во Лондон, го нарече Петкаускас лажливец, обвинувајќи го за ширење лажни вести. На 4 март 2020 година, истата страница го обвини Петкаускас дека продолжува да лаже. Во меѓувреме, една статија на 18 април го нарекува Петкаускас „функционален идиот“, обвинувајќи го новинарот дека го штити Бил Гејтс, кој е веќе познат како главна цел на теориите на заговор за КОВИД 19 и вакцините. Автор на една друга статија, каде се тврди дек Принцот Чарлс се лекувал од КОВИД 19 со хомеопатијата (медицински систем заснован на верувањето дека телото може самото да се лекува), го има за цел новинарот Петкаускас и го обвинува дека споделува лажни вести.

ДФРЛаб и порано документирал лични напади врз проверувачи на факти и во Латвија

Лажната вест продолжи са се шири

Иако Министерството за одбрана го демантираше лажното писмо, и истиот ден писмото беше споделено до многу медиуми и беше соопштено дека е фалсификувано, кампањата за дезинформирање продолжи да се шири.

На 22 април, една ЈуТјуб сметка со име “Николас Ратас“, создадена истиот ден, објави видео запис со наслов “Дали е ова падот на НАТО?“ и како доказ го користеше фалсификуваното писмо во кое се наведува дека НАТО ги повлекла трупите од Литванија заради КОВИД 19.

На 23 април, интернет страницата „Балтички збор“ објави дел од мислењето на Јонас Дрингелис, каде се цитира официјалниот став на Министерство за одбрана на Литванија, но потоа се шпекулира дека веста за повлекување на НАТО трупите може да биде вистинит.

Според известувањата на ДФРЛаб, Јонас Дрингелис е еден од неколкуте анонимни интернет лица, кој постојано споделува анти-НАТО наративи на англиски јазик.

На 24 април германскиот медиум „Die Welt“ објави статија со наслов “Како Ковид-19 го дестабилизираше источното крило на НАТО“. Статијата беше објавена на платена интернет страница, но РТ, руската медиумска верзија во сопственост на Кремљ, ја преведе. Адаптираната верзија на англиски на германската статија на “Die Welt” не го наведуваше фалсификуваното писмо како лажно.

Според BuzzSumo статијата генерираше 271 интеракции на социјалните мрежи.

Додека фалсификуваното писмо и користењето на идентитетот на вистински новинар за ширење на дезинформации имаа можност да бидат успешна кампања за влијанието на информациите, сепак целокупната интеракција со наративот на социјалните медиуми остана прилично низок. Сепак, користењето на идентитетот на вистински новинар во лажна статија е загрижувачки знак за тактиките што може да се користат во други статии за дезинформирање.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.