Про-Кремљинските канали ги искривиуваат фактите околку Руската помош во Европа поради КОВИД-19

Извор: DFRLab

Линк

Датум: 22/05/2020

Lexo

Откако Русија достави средства во Европа, про-Кремљинските канали доставија лажни тврдења за реакциите на ЕУ и НАТО.

Одкако Кремљ испрати помош преку доставените пратки поради КОВИД-19 во Европските земји, про-Кремљинските –продажни канали постојано и лажно тврдеа дека постарите земји членки на НАТО им забранувале на Европската унија и на другите земјки членки на НАТО да прифатат Руска помош.

Првичната испорака на помош од страна на Кремљ во Италија и последователните пратки на помош низ Западот, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, ги има сите обележја на реклами за јавноста. Про-Кремљинските медиуми ја прикажаа Русија како добронамерен играч на светската сцена, која постојано е подготвена да им пружи помош и подаде рака на своите противници среде глобална здравствена криза. Но, додека Кремљин едвај чекаше да ги испорача своите пратки со медицински материјали како хуманитарна помош, разни извори - вклучително и претходни анализи од ДФРЛаб - објавија дека “помошта“ доаѓа со приклучени жици

Овие приказни се појавија најпрво на Руски и Англиски јазик во различни земји. ДФР Лаб  идентификуваше три главни наративи фокусирани на пратките за помош на Русија во Европа

Тврдење 1: Моќните земји (‘’Големите браќа“)му забранија на Е.У. и членките на НАТО да прифатат Руска помош

Една од најплодните наративи тврдеше дека група моќни земји на НАТО - наречени “Големи браќа“ – им забранија на голем број на помалку моќни Европски земји, вклучително и на колеги членки на НАТО, да побараат помош за корона вирусот од Русија.

Ова тврдење беше изразено од страна на Рускиот Министер за Надворешни Работи Сергеј Лавров и брзо потоа беше објавено во бројни написи на медиуми  и објави на социјалните мрежи. Додека претежно кружеа овие тврдења на Руски и на Англиски јазик, тие се појавија и во про-Кремљинските медиуми од многу различни земји, што укажува дека истите за цел ја имаат и публиката надвор од Русија. Кои земји ја формираат елитната група на “Големи браќа“ не беше споменато, но веројатно ги вклучува и главните противници на Русија, како САД и Велика Британија.

Тврдење 2: Помошта од Русија и Кина го погребаа „Европскиот сон на Србија“

Друго истакнато тврдење укажуваше дека прифаќањето на помош од Русија и Кина ќе го одврати српското воздигнување кон Европската унија.

Според приказната, српската јавност историски е поделена на прозападни и проруски граѓани. Меѓутоа, подготвеноста на Русија да продолжи со помошта, наводно, претвора повеќе Срби во “Русофили“.Како што претходно објави ДФРЛаб, приказната лажно тврди дека на почетокот на пандемијата, српската влада се обратила до Е.У. за поддршка и помош но сепак на крајот не добила хуманитарна помош. Наместо тоа, во приказната се тврди дека Русија и помогнала на Србија, покажувајќи вистинско сојузништво во време на криза.

Тврдење 3: Шпанија одбила помош од НАТО

На крај, голем број на про-Кремљ медиумите го свртеа вниманието кон Шпанија, тврдејќи дека Шпанската влада одбила помош за корона вирусот од НАТО.

Приказната се засноваше на потврдено известување дека Шпанија повлекла барање за помош поради корона вирусот од земјите на НАТО што земјата ја поднесе во Март.

Про-Кремљинските медиуми го толкуваа повлекувањето на погрешен начин притоа, создавајќи впечаток дека Шпанија експлицитно ја одбила помошта што ја нуди НАТО. Всушност, откако добиле опрема за лична заштита (ППЕ), Литванија, Естонија, Турција, Полска, Чешка, Луксембург, Германија и Шпанија, сите објавија дека врвот на пандемијата помина и соодветно ги повлекоа нивните барања за помош.

Лукас Андриукаитис е придружен Директор во Лабораторијата за Дигитално и Форензичко истражување;

Следете ги за подетални анализи од нашите #DigitalSherlocks.

 

Превод и Адаптација: Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.