Кина се заканува со економски последици доколку Австралија започне истрага за справувањето со корона вирусот во Пекинг

Извор: The Hill

Линк

Датум: 28/04/2020

Lexo

Кинеските власти се закануваат со економски последици доколку Австралија продолжи со истрагата за Пекинг и нивното рано постапување и справување со појавата на корона вирусот,  Австралискиот Sky News објави во понеделникот

Кинескиот амбасадор во Австралија Cheng Jingye истакна дека Пекинг би можел да ги охрабри Кинеските граѓани да го бојкотираат Австралискиот извоз и производи од оваа земја, доколку Австралија ја иницира истрагата, објави весникот.

Австралискиот Министер за Надворешни работи, Марис Пејн, кинеските закани ги нарече „економска принуда“ и ги повтори повиците за истрага околу раното постапување со појавата на вирусот, за кој се смета дека потекнува од Кинескиот град Вухан.

„Австралија упати принципиелен повик за независен преглед на појавата на КОВИД-19 непредвидена глобална криза со сериозни здравствени, економски и социјални влијанија“, рече таа. „Ние ја отфрламе секоја сугестија дека економската принуда е соодветен одговор на повикот за такво оценување, кога она што ни треба е глобална соработка“.

Повикот на Австралија да  се покрене независна истрага одразува на критики од страна на САД дека Пекинг неуспешно и погрешно се справувал со појавата на корона вирусот уште од нејзиниот почеток.

САД  ги обвинија Кинеските власти за прикривање на степенот на појавата и тврди дека Пекинг не успеал да го предупреди светот доволно рано за почетокот на престојната пандемија.

Превод и Адаптација: Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.