Како научно невозможна теорија на заговор, која го поврзува распоредувањето на 5G радио антените со пандемијата на корона вирус која одбива да исчезне,Sky News објаснува зошто ова е тотално бесмислено
Според теориите на заговор, симптомите на КОВИД-19 се предизвикани од електромагнетно зрачење, а не од вирус.
Овие тврдења сега се поврзани со десетици напади врз телекомуникациските инженери и предаватели во Велика Британија, дури и со оглед на тоа што информациите што ги отфрлаат ваквите тврдења се широко распространети.
Теоретичарите на заговор велат дека пандемијата на корона вирус е болест предизвикана од изложеност на радио емисии од новите 5G антени - и покрај тоа што овие антени не се присутни во земји како што е Иран, каде што е сепак забележанo избивање на смртоносната појава.
Оваа теорија е дури спомената во This Morning од страна на презентерот Ејмон Холмс, чии што коментари за 5G беа опишани како "лошо осудени" од Тв регултаторот Офком.
За да го поддржат нивното тврдење, теоретичарите истакнаа дека овие антени продолжиле да бидат распоредувани за време карантинот во Велика Британија. Тие прашуваат зошто мрежните инженери не остануваат дома како и сите други.
Ова е затоа што инженерите за мобилна мрежа се сметаат за клучни работници кои одржуваат критична национална инфраструктура. Со тоа што многумина од нас работат од дома, клучно е да функционираат телекомуникациските мрежи.
Sky News пронајде групи на Фејсбук кои повикуваат на вознемирување на овие инженери и прославување на криминална штета на предавателите, при што во еден пост се тврди „ние сме убиени од светската влада“ - вообичаен троп во теориите на заговор - и изјавувајќи дека е „време да се бориме или умреме”
Во реалноста, ризиците од електромагнетно зрачење се познати и разбирливи за научниците, и така моќта која телекомуникациските предаватели можат да ја емитуваат е строго регулирана.
Иако овие заштити се во функција, некои лица пријавиле здравствени проблеми за кои тие тврдат дека се резултат на нивната изложеност на зрачење под овие бројки.
Како што забележува Светската здравствена организација, студиите врз овие лица постојано утврдиле дека не можат да откријат електромагнетно зрачење, поточно од поединци кои не тврдат дека имаат посебна чувствителност кон тоа.
СЗО известува дека има некои индикации дека овие симптоми може да бидат резултат на постојните психијатриски услови, како и стресните реакции како резултат на загриженоста за здравствените ефекти како резултат на изложеноста, наместо од фактичката изложеност.
Дури и тогаш, начинот на кој 5G може да му наштети на телото (што не може) едноставно не одговара на симптомите што пациентите со СОВИД-19 ги доживуваат.
5G користи нов дел од електромагнетниот спектар, делот од 22GHz до 86GHz - иако многу помалку од ова се користи во Велика Британија.
Ова зрачење не е способно да ги раскине молекуларните врски, да елиминира електрони од атоми и да предизвика молекулот да има електрично полнење - што ги провоцира главните здравствени опасности поврзани со електромагнетното зрачење.
Теоретичарите на заговор тврдат дека изложеноста на 5G доведува до симптоми како што се: гадење, губење на косата и оштетување на коскената срцевина - како што е опишано од Full Fact, независна добротворна организација за проверка на фактите во Велика Британија - што не одговара на симптомите на КОВИД-19.
Сепак, како и да е ова се симптоми на болест од радијација или синдром на акутно зрачење - скоро точно како што би се опишало доколку некој извршил веб-пребарување за „ болест од зрачење“ отколку што навистина страдал од тоа.
Дури и да е така, случаите со радијациска болест се скоро секогаш врзани за огромни нуклеарни инциденти, како што се атомските бомбардирања во Јапонија или катастрофата во Чернобил - со ретки исклучоци, како што е труењето на Александар Литвиненко.
Типот на корона вирус, официјално познат како тежок акутен респираторен синдром корона вирус 2 (САРС-CoV-2), се верува дека излегол од корона вирус од лилјаците и преминал на луѓето, потенцијално преку среден вид, кон крајот на 2019 година.
Корона вирусите биле именувани од латинскиот збор „корона“, потекло од англискиот збор „круна“ - ова се однесува на појавата на заразниот вирус под електронски микроскоп, кој покажува шилести протеини кои излегуваат од клеточниот плик и помалку наликува на круна.
Овие шилести протеини се молекули од надворешната страна на вирусот, кој што тој го користи за да го фати и да навлезат во надворешните sидови на човечките клетки. Научниците ги опишаа овие протеини како силен доказ дека вирусот еволуирал органски и не бил создаден во лабораторија.
Две клучни карактеристики на шилестите протеини дозволија вирусот да биде толку смртоносен - и исто така, објаснува зошто вирусот, а не зрачењето, е одговорно за штетата што ја предизвикува.
Првиот е она што се нарекува домен за врзување на рецепторот (RBD), кој научниците го опишуваат како „еден вид кука за сечење што се врзува за клетките домаќини“, додека втората е позната како место за расцепување, „молекуларен отвор што дозволува вирус да навлезе во ќелиите домаќини.
Откако вирусот е внатре во клетката домаќин, тој може да започне да се реплицира.
Вирусите обично влегуваат во телото преку носот или грлото - од каде доаѓаат симптоми како што се губење на мирис и вкус. Ако имунолошкиот систем не е во состојба да го победи вирусот назад во оваа фаза, тогаш може да патува надолу по трахеата и да ги нападне белите дробови.
Бидејќи алвеолите на белите дробови се наредени со рецептори на кои овие шилести протеини се дизајнирани да се затворат, тие се особено подложни на вирусот.
Но, тука борбата помеѓу честичките на вирусот и имунолошкиот систем станува опасна. Белите крвни зрнца се борат со инфекцијата со исфрлање молекули наречени хемокини, магнети за други клетки на имунолошкиот систем кои убиваат се што е заразено од вирусот.
Толку многу мртви клетки се оставени зад себе што алвеолите брзо се полнат со гној и течност, предизвикувајќи пневмонија кај пациенти.
Х-зраци и КТ-скенирања на пациенти со коронавирус откриваат како нивните белите дробови се опустошени од вирусот и исполнети со оваа леплива слуз што ги спречува да вдишат, бидејќи нема простор за воздух.
Ова е како знаеме дека самиот вирус, а не 5G зрачењето е причина за смрт на 200,00 луѓе во светот.
Превод и Адаптација: Рената Нацковска
Copyright © Myth Buster.
A project by Democracy Lab
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.