Бил Гејтс е главна цел на теориите на заговор за корона вирусот

Извор: CNBC

Линк

Датум: 18/04/2020

Lexo

Објавено: Петок, 17 Април 2020

Tom Huddleston Jr.

Бил Гејтс е една од најгласните јавни личности за пандемијата на коронавирус. Но милијардерот, филантроп и коосновач на Мајкрософт, исто така стана и главна цел на разни теории на заговор кои се појавија околу ширењето на Ковид-19

Теориите на заговор лажно го поврзуваат на разни начини Гејтс со потеклото на корона вирусот, па така тој беше споменат 1.2 милиони пати на телевизија или на социјалните медиуми, започнувајќи од месец Февруари до Април, според анализата на The New York Times и Zignal Labs компанија за аналитички медиуми, објавена во Петок.

Тоа е приближно 33% повеќе од втората најпопуларна теорија на заговор за корона вирусот, во тоа време, која се однесуваше на тоа што многумина ја поврзаа безжичната технологија 5G со пандемијата на вирусот.

Всушност, во Април теориите на заговор што го поврзуваа Гејтс со корона вирусот – вклучувајќи и  некои тврдења за тоа дека Гејтс и претходно знаел дека ќе има пандемија на корона вирус, или други тврдења дека милијардерот сакал да внесе во глобалното население микрочипови за вакцинирање, за борба против болеста Ковид-19 - достигна 18.000 спомнувања на ТВ и социјалните медиуми дневно, според  Zignal Labs. 

Гејтс, кој е редовно присутен на телевизија и на интервјуа, ги истакнува заложбите од страна на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс во висина на 250 милиони американски долари со цел да му помогне на светот да развие ефикасна вакцина против корона вирусот. Тој, исто така, понекогаш беше и критички настроен во однос на одговорот од страна на владата на САД и нивната реакција на глобалната пандемија.

Бил Гејтс ја објаснува работата што ја прави неговата фондација за борба против коронавирусот

Американците ја поминаа оваа можност за да го контролираат (СОВИД-19) без исклучување ,рече Гејтс за време на онлајн - интервју за ТЕД Конекс во март. „Не дејствувавме доволно брзо за да имаме можност да избегнеме исклучување“.

Гејтс исто така рече оваа недела дека одлуката на претседателот Доналд Трамп за стопирање на финансирање на Светската здравствена организација (СЗО) е „толку опасна колку што и звучи“.

Теоретичарите на заговор, исто така се фатија за фактот дека Гејтс се изјаснил околу пошироката закана од глобална пандемија која може да потрае неколку години, при што некои тврдат дека тоа е факт и доказ дека милијардерот знаел, конкретно, за корона вирусот пред време.

На пример, Гејтс - според неговата сопруга Мелинда, наводно собрал храна во неговиот подрум за да се подготви за пандемија - одржа говор на  TED Talk во 2015 година со предупредување кон луѓето дека вирус кој е пренослив е поголем ризик за човештвото отколку што е нуклеарната војна.

Тој говор има 25 милиони нови погледи на Јутјуб во последните неколку недели, според “The New York Times” и разни групи против вакцинирање, како и групата на заговор QAnon  сега го цитираат видеото како наводен доказ за претскажувањето на Гејтс за настанот.

На Јутјуб популарните видеа кои лажно го поврзуваат Гејтс со ширењето на корона вирусот се споделувале милиони пати, забележува Times, додека Zignal Labs открил дека повеќе од 16.000 објавувања на Фејсбук кои шират дезинформации за Гејтс и корона вирусoт биле означени со “ми се допаѓа” и истите биле коментирани скоро 900.000 пати оваа година.

Јутјуб и Фејсбук одговорија на извештајот на Тајмс, забележувајќи дека компаниите работат на стопирање на дезинформации за коронавирусот на нивните платформи.

Во Март, CNBC известуваше за напорите на Фејсбук да ги отстрани „лажните тврдења и теориите на заговор кои беа обележани од водечките глобални здравствени организации“. Фејсбук исто така соопшти во тоа време дека гигантот за социјално вмрежување ќе му даде слободен простор на рекламирање на Светската Здравствена Организација СЗО за споделување информации за вирусот од страна на здравствени експерти.

Веб-страницата PolitiFact  на Институтот Појтерн, исто така активно се обидува да разбива разни теории на заговор што ги поврзува Гејтс со коронавирусот.

Во меѓувреме, самиот Гејтс одби да коментира за извештајот на Тајмс. Сепак, Марк Сузман, главен извршен директор на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, за весникот изјави дека е „вознемирувачко што има луѓе кои шират дезинформации кога сите треба да бараме начини за соработка и спасување животи“.

Мит Бастер исто така има демистифицирано теории на заговор и лажни вести поврзани со Бил Гејтс.   

Превод и адаптација: Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.