8 Кинески аргументи против Западњачката „Ароганција“ и зошто се неосновани

Извор: The Diplomat

Линк

Датум: 07/05/2020

Lexo

Лошиот одговор на западна Европа и Соединетите Американски Држави за време на пандемијата го оживеа западниот деклинизам. Неодамнешен пример е есејот на Жоу Бо од Кинеско-Американскиот Центар за одбранбени односи, Академија за воени науки на Кинеската Ослободителна Народна Армија. Тврдењата на Жоу се важни, но исто така и воглавно погрешни, и затоа е потребно да се анализираат. Во продолжение ќе ги сумирам аргументите на Жоу, пред да ги демантирам истите.

1. Основајќи се на наблудувањето на некоординираниот одговор на Европа кон пандемијата,  Западот се „распаѓа” и е во „своето најниско ниво на доверба”,

Европа е групација на суверени влади со многу ограничен заеднички суверенитет. Секоја од нив сеуште ги практикува своите политики во многу области, опфаќајќи го тука и одговорот кон пандемијата. Слично на ова, Кина и нејзините северозападни соседи Јапонија, Северна Кореја, Монголија и Таиван, имаа посебни национални политики за одговор кон пандемијата. Ова не подразбира дека било која од земјите на северозападна Азија пати од криза на доверба во својот политички систем.

2. Кина успешно имплементираше итни контра-мерки кои сега „се применуваат во целиот свет”.

Кинеската Влада релативно брзо презеде драстични мерки кои се релативно лесни за една ауторитарна држава со неограничени полициски овластувања. Но, Западот нема да се обиде да ги „имитира“ другите аспекти на реакциите на Кина кои Жоу не ги споменува: кинеската влада првичните извештаи за болеста ги третираше како криминални гласини, ги потисна информациите за епидемијата во клучните рани денови, ги зароби резервите на медицинска опрема купена од увозниците од странство во времето кога Кина имаше недостаток, бараше други земји да ги укинат своите ограничувања кон кинеските патници додека самите ги дискриминираа и жртвуваа странците, се обидоа одново да ја напишат приказната за улогата на Кина во пандемијата и да ги сокријат вистинските бројки на болни и жртви во Кина.

3. Поради пандемијата Соединетите Држави ќе ја изгубат стратешката конкуренција со Кина и Русија, бидејќи на Соединетите Држави ѝм е потребна медицинска опрема од Кина, и без разлика на пандемијата, тие зависат од Кина за лекови.

Потребата на САД за увоз на медицинска опрема е привремена и минлива, и истата нема да ги ограничи способностите на САД за стратешка конкуренција со Кина. Меѓутоа, пандемијата го забрза Американското оддалечување од Кина за виталните набавки, иако Кина е најевтиниот производител. Кинеските коментатори како што е Жоу, кои се фалат за оваа американска презависност од Кина, ненамерно ѝм прават услуга на Американците.

4. „Кина и Европа неминовно ќе се приближат“ затоа што „поделената Европа природно ќе се сврти кон исток“ и затоа што Европа, како и Кина, сака „мултилатерализам“ во „глобалната трговија“, климатските промени и „улогата на меѓународните институции“, додека пак Соединетите Американски Држави се против тоа.

Прво, не е логично да се заклучи дека намалувањето на посветеноста кон европската интеграција од страна на одредени западно-европски земји ќе ги натера истите „природно“ да се свртат кон Кина. Жоу ќе треба да докаже дека поедини европски земји сакаат да тргуваат повеќе или да имаат поголема усогласеност со Кина, но биле спречени поради нивното членство во ЕУ или поради (сега отсутното) американското раководење. Но, Жоу не го прави тоа.

Второ, за Жоу е премногу симплистично и промашено да се каже дека Кина и Европа гледаат очи во очи на „мултилатерализмот“ на начин што ја остава Америка надвор од игра. Во согласност со политиката на САД од претходните децении, Вашингтон продолжува да го поддржува НАТО, се залага за човекови права и демократија ширум светот и е врвен трговски партнер на ЕУ.

Пекинг, од друга страна, рутински го крши или го нарушува меѓународното право кога се судира со кинеските интереси, честопати држи страна на проблематични држави и се спротивставува на обидите на меѓународните организации за застапување на либералните принципи. Идеата на Кина за мултилатерална трговија е другите земји да се отворени за кинески увоз и екстракција на технологија, додека Кина одржува протекционизам и предаторски политики против западните директни инвестиции во Кина. Европските политички лидери се многу слични на претставниците на администрацијата на Трамп во нивните неодамнешни критики кон Кина за различни прашања.

Прашање е дали желбата на европските држави за врска со Кина се протега надвор од нивната желба за учество во можните економски придобивки.

5. Американците сакаат ЕУ да ја гледа Кина како непријател, но нема да успеат бидејќи „самото основање на ЕУ е делумно наменето за да се избегне конкуренција на голема сила”.

Се чини дека ова се однесува на американските обиди да ги обесхрабрат безбедносните партнери од ангажирање на кинеска корпорација Хуавеи за изградба на нивните напредни инфраструктури за мрежи на податоци. ЕУ е основана врз основа на она што започна како заеднички интерес на Западна Европа, не за „избегнување на конкуренција на голема сила“, туку за заедничка заштита и спречување на заканата од голема сила. Кина е далеку од тоа да биде еден нов Советски Cојуз, но привлекува одредено негативно внимание, поради што некои европски влади имаат резервираност за употреба на системите „Хуавеи“.

6. Како што Соединетите Држави се одделуваат економски од Кина, Европа ќе добие „поголем проток на храна, капитал, персонал и технологија од Кина”.

Дали Кинескиот извоз е лимитиран од фактот што Кина одбрала да ѝм продава на Соединетите Држави, а не на Европа? Во секој случај, интересот на САД за поделба е поттикнат од американската загриженост поради економската зависност од Кина. Западно-европските земји ја имаат истата загриженост, што значи дека можеби нема да сакаат сé што ќе понуди Кина.

7. Пандемијата „може да стане пресвртница змејата да обезбеди повеќе јавни добра во светот“, како што покажа Кина која обезбеди медицински материјали за многу земји погодени од вирусот.

Продажбата на претходно собраните медицински материјали не значи обезбедување на јавни добра. Жоу е точен кога вели дека Кина има капацитет да биде глобален „Добар Самарјанин“ со брзо производство на голема количина на одредени артикли за кои може да има очајна побарувачка од други земји за време на хуманитарна криза. Кина би била добредојдена во исполнување на една таква улога. Сепак, ова е релативно ниско ниво на снабдување на јавни добра. Повисоко ниво би било ако се интервенира во неуспешна држава со испорака на храна и друга помош додека е под непријателски оган, како што тоа го правеа САД и другите земји во Сомалија во 1993-94 година. Пекинг избегнува вакви операции, бидејќи тие се тешки и контроверзни, но меѓународното лидерство е својствено тешко и контроверзно.

8. Не е важно дали државите се демократски или авторитарни, туку важни се перформансите на владата. За време на пандемијата Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур докажаа дека неопходно е да се биде „силна и одлучувачка“ држава и дека западниот модел на ограничено владеење не може да се справи со кризи.

Признавајќи дека повеќепартиските демократии како Јапонија и Јужна Кореја се справиле добро со пандемијата, Жоу фатално го поткопува својот имплициран аргумент дека недостигот на граѓански и политички слободи во Кина е оправдан со супериорните владини перформанси. Политички, Јапонија и Јужна Кореја се повеќе слични со западна Европа отколку со Кина. Покрај тоа, Жоу заборава да ги спомене двете држави кои најмногу се пофалија за нивните одговори кон пандемијата: Нов Зеланд и Тајван, други две либерални демократии. Конкретно, игнорирајќи го Тајван, Жоу тивко нé потсетува дека Кинескиот модел прекумерно го овластува режимот за да му даде приоритет на сопствениот опстанок, што доведува до неограничена немилосрдност и одмаздoљубивост, дури и на штета на сопственото и меѓународното општество.

Европејците сакаат да профитираат од Кина, но за нив кинескиот модел нема да биде политички или културно инспиративен или привлечен се додека во Кина владее режим со цели и политики толку длабоко спротивни на либералните традиции на Западна Европа.

Дени Рој е постар соработник во Центарот Ист-Вест, Хонолулу. Тој е специјализиран за стратешки и меѓународни безбедносни прашања во азиско-пацифичкиот регион.

Ова дело првично беше објавено во билтенот „ПакНет“ на Пацифичкиот форум. Коментарите и одговорите на ПакНетt претставуваат ставови на соодветните автори.

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.