Зошто Германија има толку малку жртви од КОВИД 19?

Извор: БИЗНИС ИНСАЈДЕР

Линк

Датум: 12/04/2020

Lexo

Комбинирајќи пошироко тестирање на населението и стабилен здравствен систем, Германија стана потенцијален модел за тоа како другите држави можат да се справат со новиот коронавирус. Кои се причините да Германија стане првата земја во Европа со голем број случаи на КОВИД 19, но со ниска стапка на смртност од овој вирус, на светско ниво?

Во Јануари, кога КОВИД-19 ја уништуваше Кина, Германија се уште ја сметаше болеста како многу далечна и едноставно како незначајна закана. На крајот на јануари, Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, рече дека КОВИД-19 претставува многу мала здравствена опасност. Но сепак, беа потребни многу малку денови за да пандемијата се прошири и во Германија. Првите случаи на КОВИД 19 се открија на 27 јануари, но бидејќи беа малку во број, се сметаа како локална закана и лесни за справување.

Ситуацијата во Германија драстично се промени во тек на месец февруари, така да на 28 февруари Германија стана втората земја во Европа, после Италија, со најголем број на регистрирани случаи со КОВИД 19. Новите случаи направија да германските власти преземат конкретни дејствија, освен затворање на некои институции, самоизолација на населението, социјалната дистанца, и сл., германските власти го зголемија бројот на тестирања на населението.

На 9 март Германија имаше околу 1200 заболени со КОВИД 19 а беа регистрирани само два смртни случаи. На истиот ден, во САД се регистрираа 950 случаи и 28 смртни случаи од КОВИД 19.

Институтот за јавно здравје во Германија на 17 март, оцени дека опасноста од КОВИД 19 е висока. Оваа проценка направи да Германија го зголеми капацитетот на легла во болниците. По 22 март, бројот на заразени со КОВИД 19 надмина 25000 од кои само 86 случаи завршиле со смрт.

Статистиката покажува дека во војната КОВИД 19, Германија стои пред многу развиени земји низ целиот свет. Според експертите, освен културата и дисциплината на германскиот народ, масовното тестирање и силниот здравствен систем се клучни за овој успех.

Германија е добро подготвена да се бори со избувнување на пандемијата бидејќи има високо развиен и сеопфатен систем на здравствена заштита, како со јавни така и со приватни капацитети. Од 2 април, во тестирањето на германското население се вклучени и приватните лаборатории во земјата. Германските власти изјавија дека ќе извршуваат 160.000 тестови неделно, а во меѓувреме, досега имаат тестирано над 1 милион граѓани.

Што се однесува до здравствениот систем, Германија има повеќе капацитети за интензивна нега отколку многу други европски земји, вклучувајќи ја Франција, Италија и Велика Британија. Според податоците на HealthSystemTracker, Германија има 8.1 болнички легла во 1.000 лица и 6.1 легла за интензивна нега во 1.000 лица. Италија има 3.2 болнички легла во 1.000 лица и 2.6 легла за интензивна нега во 1.000 лица. САД има 2.8 болнички легла во 1.000 лица и 2.4 легла за интензивна нега во 1.000 лица. Со други зборови, на 100 илјади лица Германија има 621 легла, додека Италија има 275 а Шпанија 293 легла. Според податоците од Светската банка од 2016 година, Германија годишно троши 4,714.26 долари по човек на здравствено осигурување, што е многу поголема сума во однос на другите земји во Европа и во светот.

Експертите подвлекуваат дека Германија можеби не го достигнала врвот во кризата со КОВИД 19. Со зголемување на бројот на заразени секој ден се зголемуваат и смртните случаи, на 29 март Германија регистрираше 66 смртни случаи. Бројот на смртни случаи се искачи на 128 на 30 март, а на 5 април се регистрираа 140 смртни случаи на 24 часа, додека на 6 април, како последица на КОВИД 19 се регистрираа само 80 смртни случаи.

Во моментов, степенот на смртност во Германија е 5% - сеуште најнизок во споредба со многу земји во светот. Во Германија моментално се регистрирани 122,171 случаи со КОВИД 19, од кои 2,736случаи завршиле со смрт а 53,913 се излечени. (Податоци од 11 апр. 20, 14:15ч)

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.