Што треба да научиме од Нов Зеланд, земјата која има само четири жртви од коронавирусот

Извор: CNN

Линк

Датум: 15/04/2020

Lexo

Нов Зеланд е мала островска земја со помалку од 5 милиони жители. Земјата е во изолација скоро еден месец и има за цел не само да го спречи ширењето на КОВИД 19, туку и да го елиминира. Во Нов Зеланд се регистрирани 1312 случаи заболени со КОВИД 19, од кои има само четири смртни случаи а 422 лица се излечени. (Податоци од 11 април, 2020год. 14:30ч)  

Брзите мерки за изолација и подигање на јавната свест резултираа како подобри мерки за намалување на ширењето на новиот коронавирус и спасување на стотици животи на островската земја.

 Додека во други земји, неколку позитивни знаци биле доволни за властите да ги намалат ограничувањата, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека ќе продолжи со заострување на граничните мерки, што значи дека сите кои влегуваат во земјата ќе поминат 2 недели во карантин, пред да се вратат во нормала. Ова правило важи само за граѓаните на Нов Зеланд бидејќи на странците од 20 март им е забранет влез во земјата.

Важно е да се нагласи дека меѓу главните предности на Нов Зеланд во борбата против пандемијата беа два фактори: географијата и временските услови. Нов Зеланд го потврди првиот случај на 28 февруари а на 29 март, земјата ја имаше првата жртва од КОВИД-19. Иако за пет последователни дена забележа намалување на бројот на заболени од КОВИД 19, на 10 април ја регистрираа втората жртва. Утрото на 11 април во Нов Зеланд е регистриран најмал број на нови случаи, 29, а од КОВИД 19 животот го изгубиле уште две лица. Властите во Нов Зеланд велат дека нивниот успех во справувањето со кризата од пандемијата е времето кое го имаа да учат од искуството на Кина. Од друга страна, фактот дека овој остров е далеку од другите земји, го става Нов Зеланд еден чекор пред другите во оваа борба.

Сепак, лекцијата што другите земји треба да ја научат од Нов Зеланд е комбинација на наука и добро управување. Досега, Нов Зеланд има направено 51,165 тестови или 11,548 тестови на милион жители. Ако ги земеме како пример земјите од нашиот регион, тие не се ни доближуваат со нивото на менаџирање на кризата на Нов Зеланд. Северна Македонија има направено вкупно 6,571 тестови или 3,154 тестови на милион жители, Бугарија има направено 18,502 тестови или 2,663 тестови на милион жители, Албанија има направено вкупно 3,385 тестови или 1,176 тестови на милион жители, додека Србија има направено вкупно 14,240 тестови или 1,630 тестови на милион жители. (Податоци до 11 април, 14:00ч)

Една друга причина зошто Нов Зеланд толку добро се справува со борбата против пандемијата која го опфати целиот свет е тоа што во оваа земја најголем број на луѓе погодени од КОВИД 19 се релативно млади. 25% од заразените се на возраст меѓу 20 до 29 години, додека 15% од регистрираните случаи се на возраст од 30 до 39 години. Во сите земји се приметува сека бројот на смртни случаи постојано расте кај постарите лица отколку кај младите пациенти. Причината зошто младите во Нов Зеланд се најмногу погодени е поврзана со нивните патувања надвор од државата. 40% од КОВИД 19 случаи се директно поврзани со патувањата низ светот.

Дали Нов Зеланд ќе успее да го победи коронавирусот?

Сигурно дека има причина да се биде оптимист дека планот на Нов Зеланд функционира, но експертите велат дека е рано да се слави. Премиерката нема планови да ја укине мерката за изолација. “Ако тргнеме рано, ќе правиме чекори наназад„, изјави Џасинда Ардерн за медиумите. Ако “пропадне„ планот А, значи изолацијата, Нов Зеланд има план Б. Планот Б има за цел да го подготви здравствениот систем да може да се справи со поголем број на тешко болни лица.

Прилагоди за MythBuster: Shefkije Alasani

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.