Дали јас веќе имав корона вирус?

Извор: The Guardian

Линк

Датум: 23/04/2020

Lexo

Дали јас веќе имав корона вирус?

Ковид-19 симптоми, кога се појавуваат,тие се доста променливи што значи дека многу луѓе биле заразени, а за тоа не се ниту свесни

Симптомите на Ковид-19 многу варираат и се променливи, сознанијата од многу земји значи дека многу луѓе можеби веќе го имале корона вирусот без да добијат позитивна дијагноза. Дали е можно да откриете, и како треба да се однесувате ако мислите дека можеби сте заразени?

1.Дали постои некој начин да се дознае дали некој имал Ковид-19 во минатото?

Д-р Вилијам Хилман: Тестовите за антитела се развиваат, но сè уште тие не се во широко распространета клиничка употреба. Тестирањето на антителата ќе ни овозможи да провериме примероци од крв за антитела против корона вирусот за да кажеме дали некој го имал. Јас, и мислам дека многу други, со нетрпение чекаме за тие да станат достапни.

2. Дали е можно да го имам или веќе сум го имал/а без симптоми

Хилман: Корона вирусот е всушност има доста значаен спектар на симптоми, од луѓе кои се целосно асимптоматски и не би знаеле дека ги имаат, кај луѓе со многу благи симптоми како течење на носот,суво грло  - до луѓе со повеќе симптоми на грип, висока температура и треска,болки во мускулите, недостаток на воздух, кашлица. Губењето на сетилото за мириз и вкус се исто така симптоми. Симптомите и манифестацијата на вирусот одат дотаму, се до луѓето со тешка болест, кои во болниците ги гледаме со респираторна слабост, кои бараат интензивна нега. Невозможно е сега да се каже каква е вистинската застапеност на болеста во САД бидејќи сè уште ние им даваме приоритети на тестирањата за луѓе кои се болни или во болница или кои се здравствени работници. Ние не правиме широко тестирање како што го направија Јужна Кореја и некои европски земји за да се добие слика за тоа колку луѓе се асимптоматски или имаат такви минимални симптоми што го припишуваат на алергии или на нешто друго.

3. Дали луѓето кои немаат симптоми, исто така ја пренесуваат болеста?

Хилман: Значителен дел од луѓето кои се тотално асимптоматски се заразни за дел од времето. Едноставно не знаеме [колку долго] во овој момент, затоа што немаме таков вид тестирање на располагање за да се прикаже и за асимптоматски инфекции.

Кога луѓето се симптоматски имаат манифестирани симптоми, тие се заразни. Еден ден или два пред да станат симптоматски, тие се веројатно заразни исто така. Вирусот се развива и почнува да се шири, а потоа откако ќе ги снема симптомите, луѓето сè уште можат да бидат заразни уште неколку дена. Имаме некои докази за вирусно ширење дури и  по неколку недели откако ќе исчезнат симптомите. Тешко е да се знае дали станува збор за вистински вирус кој е жив, и тој сеуште може да зарази некого, или дали тоа е само мртов вирус што го шири телото.

4. Дали некој треба да се однесува поинаку ако мислат, но со сигурност не знаат дека веќе го имаат ?

Д-р Дејвид Бухолц: Сите ние треба да бидеме пример. Ако сите сме заедно во ова, сите ние би требало да правиме социјално дистанцирање

Хилман: Бидејќи во овој момент не постои вистински начин да знаете кој би можел да го има, освен ако не сте симптоматски и не сте биле дијагностициран како заболен, со брис и дефинитивно ви се потврдува, јас само би постапил како да не сте го имале. Продолжете да ги правите сите оние работи што сите треба да ги правиме во овој момент: социјално дистанцирање и хигиена на рацете. Мислам дека универзалното носење маски во јавноста е разумна препорака заснована врз она што го знаеме за широкиот спектар на симптоми и фактот дека луѓето можат да бидат асимптоматски и сепак да го шират вирусот.

 

5. Ако мислам дека можеби сум го имал, дали имам етичка обврска да им кажам на луѓето со кои дојдов контакт? Дури и ако тоа всушност може да се работи само за настинка?

Бухолц: Јас, апсолутно, да. Јас сум во Њујорк, и дефинитивно  тој беше во заедницата активен пред да  дознаеме. Значи, да, сите членови на семејството и блиски пријатели, можеби некој покрај кој работите,  јас мислам дека само би ги предупредил, особено ако тоа било во последните 14 дена. Ако би поминале повеќе од 14 дена, тие би се разболеле до сега доколку имале голема изложеност.

Хилман: Зависи од тоа што секој човек смета дека е исправно. Ова се вели, со напливот на инфекции што ги гледаме на места како Њујорк, ако сте биле симптоматски во еден момент, но не сте биле тестирани, а сте биле во близок контакт со некого, мислам дека треба да им кажете.

6. Ако го имав, можам ли повторно да го добијам?

Бухолц: Нема докази дека некој го добил повеќе од еднаш. Некој со нормален имунолошки систем кој може да реагира на вирусот и да се подобри, треба да има имунитет подолго време, барем една година, ако не и доживотно.

Има извештаи од Кина според кои луѓето кои се тестираат, нивниот резултат е позитивн на Ковид-19 по втор пат. Повеќето научници сметаат дека станува збор за проблем околу неточноста на тестирањето, а не дека луѓето имаат два посебни случаи на заболување.

Експерти

Д-р Дејвид Буххолц, постар основач и медицински директор, примарна здравствена заштита, доцент на педијатрија на Универзитет Колумбија, Ирвинг медицински центар

Д-р Вилијам Хилман, вонреден лекар директор во општата болница во Масачусетс

 

Превод и Адаптација:  Рената Нацковска

Copyright © Myth Buster.

A project by Democracy Lab

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.